сабота, јануари 17, 2026
Почетна ОгласиПроект менаџер

Проект менаџер

by 24HR

Финансиско друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје е водечка небанкарска финансиска институција во Македонија, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од Management Financial Group (MFG), меѓународна групација која обезбедува финансиски услуги во повеќе земји како што се Бугарија, Хрватска, Шпанија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија.

Финансиско друштво М Кеш како лидер на пазарот во финтек индустријата и предводени од она што е во ДНК на нашата групација МФГ – иновации, ширење нови бизнис идеи и пазари, имаме потреба од Проект Менаџери!

Идеалните кандидати треба да бидат лидери, да имаат искуство во менаџирање на вработени, резултатно ориентирани, добро организирани и самоиницијативни личности кои може да понудат брзи решенија за новонастанати ситуации.

Твојата улога

  • Управување на проекти поврзани со финансиски продукти, дејности како и разни нови бизнис идеи 
  • Управување со внатрешни и надворешни проекти, актуелни и нови согласно потребите и стратегијата на компанијата 
  • Комуникација со надворешни соработници, бизнис партнери, институции и сл.
  • Координација помеѓу бизнис тимови, маркетинг тимови, правни тимови, финансии и менаџментот на компанијата
  • Планирање и следење рокови, буџети и ресурси
  • Идентификација и управување со ризици
  • Обезбедување усогласеност со интерни политики и регулаторни барања
  • Подготовка на проектна документација, извештаи и статус апдејти кон менаџмент
  • Јасна и навремена комуникација со менаџментот и засегнатите страни

Профил на кандидат

  • Ќе се смета за предност искуство на иста или слична позиција
  • Ќе се смета за предност искуство со менаџирање и координирање на тимови и задачи
  • Ќе се смета за предност искуство со работа на проекти и водење тимови
  • Одлични организациски и аналитички вештини
  • Одлични комуникациски способности и  ориентираност кон резултати
  • Способност за донесување одлуки и работа со рокови
  • Високо ниво на професионална одговорност и интегритет
  • Познавање на англиски јазик

Ако знаеш како да управуваш со партнери исто толку прецизно колку и со проекти — оваа улога е за тебе.

Ова е твојата нова можност! Бидете дел од нашиот тим!

Ние нудиме:

Што нудиме

  • Работа на проекти со директно влијание врз растот и стабилноста на друштвото
  • Професионална, стабилна и поддржувачка работна средина
  • Јасна структура, но и простор за иницијатива и подобрувања
  • Континуиран професионален развој
  • Конкурентни услови и долгорочна перспектива
  • Уникатна нето плата со атрактивна можност за континуиран раст во текот на годината
  • Отворени можности за дополнителна заработка
  • Динамична и пријатна работна атмосфера со тим од професионалци
  • Приватно здравствено осигурување
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за родено дете
  • Слободен ден за прваче
  • Училишен сет за дечињата на вработените
  • Конференции и други активности
  • Платени обуки
  • Можност за континуиран кариерен развој
  • Општествено одговорни иницијативи

Доколку сакате да работите во динамична средина со тим од професионалци испратете го вашето CV или мотивационо писмо на careers@mcash.mk

Related Posts

Leave a Comment