Денес живееме во време на брзи промени кои го предизвикуваат вековниот начин на работење и живеење. Па оттука, се повеќе се зголемува и потребата за личен и професионален развој, донесување долгорочно ефективни одлуки, воспоставување на подобра комуникцација, како и усогласување на приватниот и професионален живот. Од друга страна пак, животните предизвици не доаѓаат најавено … и речиси никогаш не се само „лични“. Тие се поврзани со семејството, организацијата, тимот/колегите, нашите минати искуства итн.
Токму затоа создадовме простор каде што ќе се добијат увиди, јасност, нови перспективи и можности за развој, но и практична примена во секојдневниот живот и работа.
На 25 МАРТ, на платформата ZOOM, ќе се одржи Првата Меѓународна СИСТЕМСКА КОУЧИНГ КОНФЕРЕНЦИЈА, онлајн настан кој ќе обедини 17 интерактивни и искуствени работилници, водени од домашни и меѓународни професионални коучи.
Програмата изобилува со теми поврзани со различни области од животот кои ќе го поттикнат Вашиот личен, професионален и организациски развој, како што се: лидерството, организациските процеси, алатки за развој на бизнис, донесувањето одлуки, воспоставување на релации со себе и со другите, јавно говорење, кариерен развој и итн.
Настанот е наменет за менаџери на човечки ресурси, лидери, претприемачи, тренери, психолози, консултанти, коучи, како и за сите кои работат со луѓе и процеси или сакаат да инвестираат во личниот и професионален развој.
Учесниците ќе добијат:
- 17 интерактивни и искуствени работилници кои ќе поттикнат Ваша трансформација;
- Целосен пристап до сите работилници и снимка со ограничено време на гледање, по завршување на конференцијата;
- Ќе добиете увид, јасност и свесност за Вашите предизвици и како да се справите со нив;
- Практични алатки веднаш применливи за Вашиот личен, професионален и организациски развој.
Исто така, на настанот ќе се доделуваат повеќе видови на вредни награди за учесниците, меѓу кои бесплатни или намалени карти за конференцијата „The Heartbeat of Coaching“, како и коучинг сесии со сертифицирани системски коучи.
Инвестирајте во начинот на кој размислувате и чувствувате, воспоставувате релации со себе и другите, водите луѓе и процеси, како и начинот на кој донесувате одлуки!
Пријава на следниот линк: https://coachingconference.mk/product/online-systemic-coaching-conference/