А1 МАКЕДОНИЈА ОСВОИ ГРАН-ПРИ НАГРАДА НА BEST EMPLOYER BRAND AWARDS

од 24HR

Во конкуренција на голем број компании од регионот на Јадранот, А1 Македонија освои две престижни награди што беа врачени на свечената манифестација што се одржа во Загреб, Хрватска. А1 Македонија е добитник на гран-при награда на Best Employer Brand Awards Adria за земјата и Best Employer Brand Adria награда за големи компании во Адриа регионот.

„Нашата корпоративна култура која се заснова на тимската работа, меѓусебната доверба и агилност, длабоко се грижи за успехот на нашите колеги што се преточува во врвен перформанс на компанијата. Оттука постојано работиме на креирање и спроведување најдобри практики за кариерен раст, учење и изнаоѓање нови начини за континуирана и транспарентна комуникација. Горди сме што стручното жири ја препозна А1 како компанија која вложува во своите вработени и затоа ова признание претставува потврда во нашето убедување за вложување во луѓето, транспарентната комуникација и во нивната благосостојба бидејќи вработените се во центарот на нашето внимание”, изјави Елена  Димовска раководителка на одделот на корпоративни комуникации на А1 Македнија. 

На манифестацијата Best Employer Brand Awards Adria, гран-при се доделува за сеопфатна имплементација на стратегијата на брендот на работодавачот, внатрешна и надворешна комуникација на брендот, креативност на решенија, квалитет на кампањи, иновативност што ги покажува постигнатите резултати.

Настанот Best Employer Brand Awards Adria се одржа по петти пат, а по трет пат во регионалното издание во организација на CareerCentar, интернет платформа за онлајн тестирање и консалтинг за брендирање на работодавачи.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...