Со цел што поголема подготвеност на овој план, „Макпетрол“ одржа специјализирани обуки за заштита од пожари на Просторните сили за заштита и спасување на компанијата.
Овие активности беа реализирани во периодот од трети септември до деветти октомври годинава. Истите беа спроведени во девет работни единици на „Макпетрол“ од страна на Центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со Дирекцијата за внатрешна контрола и безбедност.


Во рамки на обуката, од страна на припадниците на Просторните сили за заштита и спасување на „Макпетрол“ беа спроведени редовните тактичко-показни вежби. Нивната цел е подобра подготвеност во случај на инциденти поради кои е потребна евакуација и спасување на вработените и на посетителите од складовите за запаливи течности и гасови, како и од бензинските станици на „Макпетрол“.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.
