Бинтерн успешно организираше настан Emerging Technologies

од 24HR

Целта на овој настан беше средба на компаниите од ИТ секторот од Битола и пошироко и нивно пред се запознавање и споделување на знаењата за новите брзо растечки технологии.

Во просториите на IT Crowd во Битола, Бинтерн успешно да организираше настан под името Emerging Technologies. На настанот се појавија голем број на посетители од ИТ секторот. Целта на овој настан беше средба на компаниите од ИТ секторот од Битола и пошироко и нивно пред се запознавање и споделување на знаењата за новите брзо растечки технологии. Овој настан исто така им овозможи на посетителите да се запознаат со искусни луѓе од ИТ индустријата и да дознаат што е следно во неа.

На настанот имаше и тројца говорници кои зборуваа за доста интересни теми кои несомнено пројавија голем интерес кај посетителите. Меѓу говорниците на овој настан беа Деан Јошевски , Илче Беделовски и Никола Бубевски кои им презентираа на посетителите различни сфери од ИТ секторот.

Па, така прв на настанот после воведниот говор на сопственикот на Bintern, се обрати Деан Јошевски кој е раководител на ИВ Едукативниот Центар. Тој пред присутните зборуваше за системски интеграции со Snap Logic и како тие функционираат.

Како втор од говорниците кои им се обратија на присутните беше Илче Беделовски, сопственик на IT Crowd и Nexrow кој зборуваше за DevSecOps, односно за неговата работа како DevOps инженер и предизвиците која ги носи таа професија и концепти кои се применуваат во истата.

И на крајот на присутните им се обрати Никола Бубевски од Native Teams кој ја претстави пред присутните работата на неговата компанија, зборувајќи за freelance-от, односно како Native Teams им помага на фриленсерите да се снајдат ширум светот.

На крајот по завршувањето на говорите, на тројцата говорници им беа доделени и  благодарници од страна на организаторот Bintern за нивниот придонес во одржувањето на овој настан.

Целта на Бинтерн при организацијата на овој настан беше да ги здружи компаниите кои работат во Битола и околниот регион, се со цел да се запознаат нивните членови и да разменат било какви позитивни или негативни искуства од работењето.

Со овој настан, Bintern успеа да се докаже како една од водечките компании во регионот која ги спојува работобарателите со компании кои имаат потреба од вработени или практиканти.

Доколку размислувате од каде да започнете тогаш Bintern е местото каде студентите и дипломците се поврзуваат со компаниите за пракса и вработување.

Регистрирајте се веднаш на bintern.com

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...