Случувањата во Карате федерацијата на Р.С. Македонија секојдневно се интензивираат и навлегуваат во сериозна фаза на конфликт. Имено федерацијата веќе е поделена на два дела. Во врска со тие случувања во нашата редакција стигна отворено обраќање кое е испратено и директно до Почесниот Претседател Драган Стојановски, од страна на Бошко Заборски.
Почесен Претседател на КФРСМ, се одлучив да ви се обратам со допис, бидејќи добивме известување од поголем број на клубови и тренери од терен, дека директно сте почнале да се мешате, закажувате состаноци, и активно агитирате на состаноци со клубовите и тренерите низ Македонија и дека сакате да ја одбраните политиката која ја води новото раководство во КФРСМ..
Изненаден сум од ова ваше директно вклучување и отворено подржување и бранење на неспособноста на моменталното раководство да се справи со секојдневните проблеми кои ги носи раководењето со еден ваков систем каков што е КФРСМ: Вие имате 73 години во длабока старост навлегувате, имавте доверба од три мандати по 4 (четири), години каде бевте на чело на федерацијата, потоа продолживте со владеење и предложивте да се избере Горан Милковски за претседател и еве сега го предложивте и актуелниов Претседател и тој беше избран. Дали сметате дека тоа не е доволно, и се прашуваме сите зашто сеуште сакате да владеете од сенка со Федерацијата.
Сега со вашето активно вклучување потпомагање и агитирање Вие подржувате, еден насилен обид спроведен од актуелното раководство до клубовите во КФРСМ, а тоа е сите ние да бидеме принудени да прифатиме насилно наметнат ПОДАНИЧКИ однос кон актуелното раководство. И дека ако ние, клубовите и тренерите не го прифатиме овој наметнат авторитет на новата власт, во тој случај таквата наша реакција ќе се смета за отпор, и потоа насилнички и реваншистички ќе се применуваат мерки за казнување и за присилување на спортистите клубовите и тренерите, тие овластувања веќе се ставени во Правилникот.
Работата е очигледна и станува многу јасно што сакаат тие (раководството), да се постигне, со прифаќањето на некои Одлуки кои се апсолутно спротивни со ВИТАЛНИТЕ и ЕЛЕМЕНТАРНИТЕ интереси на поголемиот број на клубови и тренери кои се чинители во КФРСМ.
Сега многу брзо, се очекува да дојде до ескалација на започнатата поделба и раздор во федерацијата, која веќе е поделена на два дела.
Оваа ситуација е ДЕФАКТО, вршење на еден голем притисок на сите тренери клубови и спортисти да прифатат да бидат робови и поданици на новото раководство .во КФРСМ, Јас мислам дека сето тоа придонесува да имаме една озбилна ситуација, и дека се работи за еден вид на перфиден обид за пронаоѓање на начин на комплетно контролирање ,управување и раководење со сите ресурси во КФРСМ.
Треба да разберете дека искусните тренери, немаат доверба и најмалку веруваат во тоа дека чесно ќе се работи затоа станаа и гласно проговорија после 17 години на ваше владеење со федерацијата. Донесување на нови правилници беше само капка во преполната чаша. Бројот на неодржливи одлуки и акти и хаосот кој се прави секојдневно, стануваат се побројни и со тоа само се продлабочува кризата во КФРСМ.
Ставовите на актуелниот Претседател на КФРСМ, се многу јасни , тие се засновани и претежно поведени само од личен интерес, раководени од моментални одлуки и решенија кои се секогаш потпомогнати од влијанието кое тој го трпи од неговиот ментор кој секојдневно го советува како да постапува.
Постојаните обиди да се манипулираат тренерите и клубовите, тој ја прифаќа како игра на секојдневието и наместо да мисли како да ја подготвиме селекцијата пред светско првенство, тој и раководството се занимаваат со други работи со приоритетна крајна цел, како да се направи поголемиот дел од членството да има поданички однос кон него и кон актуелната власт.
Ние, поголемиот број од незадоволните клубови, сме потполно свесни за ситуацијата во која се наоѓаме, и затоа ќе бидеме спремни и да одговориме на адекватен начин кога за тоа ќе дојде време.
Кој начин ќе биде преземен, во голема мерка зависи од моменталното раководство, бидејќи клубовите се транспарентни и отворено го изнесуваат своето незадоволство. При тоа тие кажуваат дека незадоволството не е само од Правилникот, причините за масовна реакција и изразено незадоволство од страна на тренерите и клубовите, е од начинот како се води федерацијата .
Д-р сц. Бошко Заборски
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.