Стефан Стојановиќ, член на карате клубот „Макпетрол“, се закити со бронзен медал на Светското првенство за младинци во Венеција. Одличјето освоено на турнирот во италијанскиот град е втор медал од младинските мундијали за македонскиот каратист., Тој пред две години беше второпласиран, односно освои сребро, на првенството одржано во Коња.
Во борбата за бронзен медал во категоријата над 84 килограми во младинска конкуренција, Стојановиќ го совлада Николаи Секот од Германија со 3-2. Македонскиот репрезентативец направи одличен пресврт откако противникот ги освои првите два поена.
Стојановиќ многу лесно можеше да се бори и во финалето, бидејќи во полуфиналната борба ремизира 3-3 со Италијанецот Матео Аванзини, но победата му беше доделена на домашниот натпреварувач поради правилото, „прв освоен поен“. Претходно нашиот каратист имаше три победи по ред на патот до полуфиналето.
За Стојановиќ ова беше втор медал од младинските Светски првенства, бидејќи пред две години освои сребро во Коња, Турција. Тој има и два медали од младинските Европски првенства, злато како јуниор и бронза во младинска конкуренција. Стојановиќ моментно е на прво место на Светската карате ранг-листа.
Македонската карате репрезентација во Венеција настапи со 35 каратисти со 37 натпреварувачки влезови. На Светското првенство во италијанскиот град учествуваа 1,990 спортисти со 1,936 натпреварувачки влезови од 113 држави.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.