Кога работната позицијата останува отворена премногу долго, целиот тим ја чувствува тежината на недостатокот. Колегите преземаат дополнителни одговорности, стресот расте, а ефикасноста и мотивацијата почнува да опаѓа. Во такви ситуации, многу компании се соочуваат со дилемата: брзо да го пополнат работното место или да се посветат на правилен избор на кандидатот преку ангажирање на агенција за регрутирање и вработување.
Зошто брзината може да биде клучна?
Празните позиции значат изгубено време и пари. За да се избегне товарот врз тимот, брзото вработување може да биде логичен чекор. Но, тука лежи ризикот: кандидат кој не е соодветен може да доведе до нови проблеми – демотивирани тимови, недоволна ефикасност и повторување на процесот на регрутација.
Зошто правилното вработување е најдобриот избор?
Квалитетната регрутација бара време за:
- Детално разбирање на позицијата и културата на компанијата.
- Прецизно идентификување на потребните компетенции.
- Темелна селекција на кандидати кои долгорочно ќе придонесуваат за успехот на организацијата.
Кога ќе се направи вистинскиот избор, тимот добива не само нов член, туку и дополнителна вредност која го зајакнува целокупниот учинок.
Како Thrivity ги комбинира брзината и квалитетот?
Thrivity е приватна агенција за вработување која го познава пазарот на труд и може да ги пронајде луѓето кои ви се потребни.
- Го разбираме вашиот тим и потребите на позицијата.
- Ги филтрираме кандидатите според културолошката соодветност и компетенциите.
- Просечно време за пополнување на работна позиција е 28 дена.
- За секој клиент гарантираме уникатен процес и брз пристап до релевантни кандидати, како и подобрување на имиџот на брендот како работодавач.
Вработувањето не мора да биде компромис меѓу брзина и вистински избор.
Со правилна стратегија и партнер како Thrivity, може да го добиете најдоброто од двата света.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.