ChatGPT – Помеѓу еуфорија и недоверба

од 24HR

Вештачка интелигенција во човечките ресурси

Колумна на Афродита Кермичиева Пановска – Оперативен HR Менаџер во Teleperformance Germany и одговорна за 3.500 вработени во Германија и во германската групација.

Менаџерите за човечки ресурси кои денес ја игнорираат темата вештачка интелигенција, веќе утре нема да бидат потребни. Улогата се менува секојдневно и класичната работа многу брзо нема да постои. Тоа зависи од многу фактори. Вештачката интелигенција и општо технологиите се дел од нив.

Сите кои со недоверба гледаат на вештачката интелигенција аргументираат дека само ние луѓето можеме да имаме емпатија, чувства, може да поставуваме правилни и значајни прашања, да извлекуваме правилни заклучоци. Тоа се факти. Сепак голем дел од работата веќе ја превзема вештачката интелигенција и тоа со многу брз раст.

Јас лично сум дел на оние кои со еуфорија гледаат на вештачката интелигенција и подолго време го тестирав ChatGPT. Сакав да добијам слика каква е разликата од алатките кои се ги користиме во секојдневната работа, како останати чет-ботови, но и во приватен живот на пр. Alexa.

Интензивно се занимавав со тестирање на примената на ChatGPT при регрутација. Тука се појавија следниве прашања:

  • Која е улогата на вештачка интелигенција /аналитиката на луѓето во процесот на регрутација?
  • Што ако процесот на регрутација е целосно автоматизиран?
  • Како може да изгледа тоа?
  • Каде се предностите? Кои се предизвиците? Кои се можните граници и ризици?
  • Кои инструменти веќе постојат за соодветните фази?
  • Кој инструмент недостасува и би требало да се развие? Зошто?
  • Што значи вештачката интелигенција за дизајнот на работата со човечки ресурси од стратешка перспектива?

Пишувањето огласи за работа, содржина на страницата за кариера, водичи за интервју, тестови за проверка на познавање на странски јазик, за одредени вештини, содржини за социјалните медиуми и слично одзема многу време при регрутацијата. ChatGPT ќе го трансформира креирање на содржина, особено кога станува збор за генерирање огласи за работа, бидејќи нуди многу предности и може да помогне да се создаде добар прв впечаток во огласот за работа.

Автоматското генерирање огласи им овозможува на компаниите побрзо да одговорат на потребите и побрзо да ги рекламираат работните места. Ова е особено поволно за помалите компании кои треба да се наметнат на високо конкурентен пазар на труд.

Сепак ова не е перфектна алатка и има недостатоци. Освен етички прашања, друг недостаток на ChatGPT е тоа што не е секогаш јасно во кои области постои ограничување. Поради случаите каде што ChatGPT дава точен одговор, може секогаш да се претпостави дека ChatGPT ја кажува вистината. Сепак ако прашањето е за тема што нам ни е непозната, може да биде тешко да се одлучи дали одговорт е точен или не. Затоа, сè уште е важно како корисник на ChatGPT да имаме високо ниво на медиумска компетентност за да можат соодветно да се оценат одговорите.

Потребен е развој на прототип на целосно автоматизиран процес на регрутирање за да се види како во организацијата може да биде додадена вредност, да заштеди трошоци и време на тимот.

Во секој случај ChatGPT https://chat.openai.com/ стана дел од мојата работа и го замени моето „20 секунди правило„. Повеќе не важи секој кој има прашање прво да се обиде 20 секунди сам да го пронајде одговорот или документот, сега е правилото прво да добие одговор од алатка која ја користиме со вештачка интелигенција, па ако не успее, тогаш да праша човек. Колку повеќе прашања и одговори, толку повеќе учи алатката.

Интересен е фактот дека текстовите генерирани со ChatGPT сеуште не се препознаваат од софтверите за плагијати. GPT-2 Output Detector е алатка која работи на препознавање на вакви тектсови, но сеуште не е позната. Во овој дел сигурно ќе следат новости.

Менаџерот за човечки ресурси останува менаџер за промена.

За сите кои сакаат да добијат основи на вештачка интелигенција го препорачувам бесплатниот курс на Универзитетот од Хелсинки, Финска https://www.elementsofai.com/.

Општо за ChatGPT*

ChatGPT (Chat Generative Pretrained Transformer) е Chatbot со содржина базирана на AI технологија кој ги проширува можностите за автоматизиран разговор за поддршка на клиентите. Има лесно ракување: корисникот влегува во полето за внесување податоци и поставува прашање. ChatGPT е развиен од OpenAI (2015, седиште во СанФранциско / САД, во тесна соработка со Мајкрософт). Првата верзија е од ноември 2022 година. Верзијата .4 од март 2023 година ги оценува фотографиите како и текстот.

За разлика од другите чет-ботови кои се ограничени на одреден сет на опции за одговор, ChatGTP може да го разбере човечкиот дијалог и да одговори на прашањата. Тој може да ја коригира граматиката, да ги поедностави тешките текстови, па дури и да поправи грешки во кодот на програмскиот јазик.

* податоци од март 2023 година

За авторот:

Афродита Кермичиева Пановска, MBA е Prince2® Agile Practicioner и Enterprise Design Thinking Practicioner со повеќегодишно искуство во Talent и Project Management. Во моментов е Оперативен HR Менаџер во Teleperformance Germany и одговорна за 3.500 вработени во Германија и во германската групација.

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...