Она што постојано нѐ изненадува од месец во месец е храброста на една успешна компанија да се потпре во голема мера на интелегентни и амбициозни вработени, кои иако сега се професионалци во она што го работат, биле без претходно искуство кога им била понудена можност да ја научат индустријата. Меѓутоа, ни беше посочено дека тоа сепак не е правило, па затоа овој месец имавме можност да разговараме со Ирена Горгиева, една од малкуте вработени која искуството за нејзината позиција го има уште пред да дојде во Superior Dispatch Service.
Како се случи да станеш дел од тимот на Superior Dispatch Service?
Во моментот кога слушнав дека се отвара Brokerage дел во Супериор Диспеч Сервис, работев во факторинг компанија, каде што веќе бев запознаена со едната страна од транспортната индустрија и веќе имав стекнато искуство со секојдневните операции на транспортните компании и брокерските куќи. Многу сакав да ја запознаам другата страна од транспортната индустрија т.е. brokerage делот, и да се соочам со предизвикот да задоволам две страни, и customer и trucking компанија, а воедно да остварам профит за компанијата.
Кои се вашите секојдневни обврски?
Прилагодувајќи се на желбите и потребите на нашите клиенти, работните обврски си доаѓаат сами по себе. Најчесто тоа е прибирање и доставување на навремена документација, обработка и плаќање на фактури, како и мониторинг на плаќањата кои се добиваат од клиентите. Но, најмногу целиме кон тоа и двете страни кои ги опслужуваме, да бидат максимално задоволни од нашите услуги. Најбитно е да бидеме во постојана комуникација со нив, како преку телефон, така и преку емејл, за да знаеме што треба да превземеме во одредена ситуација. Чудно е, но вистинскиот успех во нашиот сектор не се мери со бројки, туку со задоволни клиенти.
Во 2021 бевте во центарот на најголемиот раст на компанијата. Дали имате одредена структура која овозможува таков брз раст?
Со сигурност тврдам, ако немавме одредена структура и организација во тимот, немаше да успееме да одговориме на сите предизвици што ни ги носеше 2021та година. Почнуваме од Data Entry, како почетна позиција, каде што сите тури треба да бидат внесени брзо, навремено и точно во софтверот на кој работиме. Потоа Аccounts Рeceivable како многу битен дел од нашата работа, затоа што токму тука се врши примањето и обработката на документи, па сѐ до Accounts Payable, или мониторинг на плаќањата. Структурата многу често подлежи на промени, во зависност од потребите на клиентите, па така, имаме нови работни позиции, како Client Representative и Claims, кои произлегоа, баш од потребата да одговориме на барањата на нашите клиенти.
Како се одржува фокусот во канцеларија преплавена од бројки?
Можам да кажам дека тоа е индивидуално. Секој од нас, иако се води и работи според потребите кои ги носи работната позиција, си има свои принципи и начин на работа. Работиме во динамична средина, во канцеларија полна со луѓе, кои цело време зборуваат на телефон и лесно може фокусот да избега надвор од работата. Најчесто, кога ќе почувствувам дека е напорно, знам да предложам да изгледаме некое мотивационо видео од 15тина минути и да се релаксираме. Исто така, преку тим билдинг, дали ќе е тоа во канцеларија со задавање теми и дискутирање за истите, или надвор од канцеларија, си ја подобруваме меѓусебната комуникација, која е клучна за оддржување на ефикасноста и ефективноста на еден тим.
Можеш ли да издвоиш некоја ситуација во овие 4 години која најмногу те научила за работата?
Во brokerage делот, каде што фокусот е на бројките, “една нула значи една кула“. Па така, на почетокот имав една ситуација каде што наместо 199 долари, клиентот беше платен 1099 долари, чисто поради невнимание. Од тогаш, секоја сума ја проверувам и 10 пати ако треба, пред да го извршам плаќањето. You can’t be too careful!
Кои се pros и cons што треба да ги знае кандидатот што сака да аплицира за работа во твојот тим? Каков профил на кандидат лесно би се снашол во твојот тим?
Директно сме поврзани со времето. Сите рокови треба да бидат испочитувани, а тоа знае понекогаш да направи притисок врз вработените. Исто така, во постојана комуникација сме со нервозни клиенти, кои сакаат веднаш да им се одговори на секое прашање и во моментот да се реши секој проблем, па мора да знаеме како да одговориме и на тој предизвик, истовремено извршувајќи ги другите обврски. Од друга страна, транспортната индустрија никогаш не застанува. Со самото тоа, имаме многу можности да учиме и да се усовршуваме. Во постојана комуникација сме со експерти во оваа индустрија и навистина многу учиме од нив. Атмосферата и условите за работа се одлични. Секој кој ќе дојде во Супериор ќе му се даде еднаква шанса да изгради кариера. –
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.