COVID-19 може да значи раѓање на нова професија

од 24HR

Пандемијата на COVID-19 ја зголеми потребата од еДоктори!

Лекувањето на далечина во некои земји во светот, како што се САД, Велика Британија и Австралија, не е никаква новост, но сепак, коронавирусот принуди голем број други земји да почнат да размислуваат во таа насока.

Голем број компании веќе развиваат апликации за видео и аудио комуникација помеѓу докторот и пациентот на начин што ќе му овозможи на медицинското лице да ги препознае симптомите на пациентот и да даде мислење за неговата здравствена состојба.

Ова е особено корисно сега кога луѓето, а особено родителите, избегнуваат да одат или да ги носат своите деца во болница затоа што ризикот од инфекција со коронавирус е голем. Од друга страна, сите знаеме колку ризично и опасно може да биде самоволното истражување на интернет, особено кога станува збор за лекови.

Современата технологија, која навлезе во сите сегменти од нашите животи, овозможува испорака на медицински услуги во реално време. Инвеститорите го препознаа потенцијалот на телемедицината, па затоа таа во моментов е една од најбрзорастечките индустрии во светот.

Една хрватска компанија интензивно работи на пилот-проектот “еДоктор”, технолошко решение кое може да биде од голема помош во спречување на ширењето на коронавирсуот, но и за многу други болести.

Интернет-прегледот не само што ќе го намали метежот во болниците, што секако помага да се спречи ширењето на инфекциите, туку и ќе ги заштити докторите кои се физички изложени на своите пациенти.

Апликациите за здравствена заштита се развиваат веќе подолго време, а од 2015 година се забележани првите посериозни инвестиции во нивниот развој.

Така на пример, апликациите како “еДоктор” се особено добра опција за лица кои имаат проблеми со менталното здравје или за деца кои се соочуваат со потешкотии во говорот. За нив, логопедот би можел да пружи здравствена нега на ист начин како што би го направил тоа во ординација.

Новиот пристап е погоден и за пациенти кои имаат потреба од физикална терапија, бидејќи истите вежби би можеле да се прават од дома со стручен надзор на физиотерапевт.

Консултациите преку интернет би биле исто така корисни во случај на настинки, вируси, разни болки, бидејќи докторот на овој начин би можел да одлучи дали е неопходно да се дојде во ординација и да се направат некои посебни анализи, како земање на крв или рентген.

Од идните еДоктори најголема придобивка би имале пациентите, особено оние кои живеат во рурални и ретко населени места, а имаат потреба од итен медицински преглед.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...