петок, февруари 13, 2026
Почетна ОгласиДиректор на правен сектор

Директор на правен сектор

by 24HR

Локација: Скопје

Флекс Кредит Македонија –водечка финансиска институција во земјата, посветена на иновативни решенија и одговорно кредитирање, ја проширува својата структура и објавува оглас за позицијата: Директор на правен сектор.

Оваа позиција вклучува стратешко управување со правните процеси, активна улога во корпоративното управување и континуирана поддршка на деловното донесување одлуки.

Главни одговорности:

  • Го дефинира, развива и имплементира правниот и усогласувачкиот систем на компанијата;
  • Го следи законодавството, ги анализира неговите импликации и предлага усогласувања на интерните политики и процедури;
  • Раководи со сите активности во доменот на правната заштита, договорните односи, регулаторната усогласеност и застапувањето на интересите на компанијата;
  • Воспоставува механизми за превенција и управување со правни и деловни ризици;
  • Го советува Извршниот директор и високиот менаџмент при носење стратешки и оперативни одлуки;
  • Водечки е во подготовка, ревизија и преговарање на договори, партнерски спогодби и деловни односи;
  • Надгледува судски, извршни и административни постапки, како и соработката со надворешни адвокати и институции;
  • Учествува во изработка на корпоративни политики и стандарди за правна и деловна етика;
  • Го унапредува капацитетот на правниот тим преку развој, обука и поддршка на членовите на секторот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршен Правен факултет (VII/1 степен);
  • Положен правосуден испит;
  • Минимум 7 години релевантно искуство, од кои најмалку 3 години на раководна позиција;
  • Длабоко познавање на финансиска и облигациона регулатива, извршни постапки, заштита на потрошувачи и трговско право;
  • Напредно познавање на MS Office и искуство со дигитални платформи за управување со документи;
  • Одлично владеење на англиски јазик.

КЛУЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ И ЛИДЕРСКИ СПОСОБНОСТИ

  • Стратешко размислување и силна бизнис-интуиција;
  • Висок степен на интегритет, доверливост и професионална етика;
  • Способност за донесување одлуки базирани на правна анализа и деловна логика;
  • Лидер кој инспирира, обучува и мотивира тимови кон високи резултати;
  • Исклучителни комуникациски и преговарачки вештини;
  • Одлична организациска способност и управување со повеќе приоритети;
  • Прецизност, аналитичност и ориентација кон резултати.

КОМПАНИЈАТА НУДИ:

  • Можност за активно влијание врз корпоративните политики и стратегија;
  • Професионален и поттикнувачки тим;
  • Атрактивен пакет на примања и бонуси врз основа на резултати;
  • Можности за континуиран професионален развој и напредување.

📩 Доколку поседувате високо чувство за одговорност, интегритет и желба да бидете дел од водечки финансиски бренд – аплицирајте на:

hr@flexcredit.mk

Related Posts

Leave a Comment