Директорка на ТриглавОсигурување – Живот, Вилма Учета Дузлевска,  прими награда на Изборот за најуспешни

од 24HR

Оваа сабота во Охрид се одржа годишната манифестација за „Избор на најуспешни жени менаџери” организирана од страна на Концепт Марили, на која награда прими Генералната Директорка на Триглав Осигурување Живот- Г-ѓа Вилма Учета Дузлевска. 

На настанот беа наградени вкупно 20 жени менаџери од земјата и регионот за нивните професионални успеси и заложби во бизнис заедницата. Оваа награда за г-ѓа Учета Дузлевска е резултат на нејзиното децениско менаџерско искуство во областа на осигурувањето и постигнатите резултати на компаниите со кој управуваше изминатите години. 

Изборот за најуспешни жени менаџери беше традиционално организиран по 26 ти пат оваа година со цел да се даде признание и поддршка на жени – лидери од приватниот сектор од различни области и дејности. За прв пат оваа година манифестацијата доби и интернационален карактер па во номинацијата беа вклучени и успешни жени од регионот. Покрај наградите, беше одржан и Бизнис Форум со четири панел дискусии со говорници од државните институции, академската фела како и реалниот сектор. На Форумот се обрати вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции во Владата на РСМ, г-дин Фатмир Битиќи а специјална награда доби и Гувернерката на Народна Банка на РСМ г-ѓа Анита Бежовска Ангеловска.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...