Евротип Спортски обложувалници, Gold Felicia, Gold Slot Club, KS Servis и Premium Safety Solution како општествено одговорни компании ги негуваат хуманитарните вредности во чиј дух организираат крводарителски акции повеќе пати годишно.
На 6ти февруари во канцелариите на Евротип се одржа 11та по ред крводарителска акција на која се приклучија и вработените од JK Travel, Mint FinTech Group и SN Finance.
Овој хуманитерен настан беше реализиран во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.
На крводарителската акција беа собрани 40 крвни единици.
Според бројот на собрани единици оваа акција е најмасовната од досегашните акции.
Акцијата наиде на голем одзив помеѓу вработените на КС групацијата.
На оваа акција покрај вработените од Битола, течност која живот значи даруваа и вработени од градовите Ресен, Прилеп и Охрид.
Организаторите на оваа акција сакаат преку личен пример да ги поттикнат и другите компании во Македонија да се охрабрат и да организираат крводарителски акции бидејќи преку ваков тип на акции не само што ја докажуваме нашата хуманост туку и даруваме “можност” за продолжување на нечиј живот.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.