Викендов си поминавме одлично на нашиот прв Family Day – ден посветен на колегите кои стојат зад успехот на нашата Банка.
Ден кога се дружевме надвор од канцелариите, без рокови и состаноци – и уживавме во еден поинаков амбиент, во природа, заедно со нашите семејства.
Воедно овој настан беше и одлична можност тимски да го одбележиме јубилеот: 40 години НЛБ Банка Скопје. Четири децении успех, стабилност и визија – овозможени токму од луѓето кои ја живеат оваа приказна секој ден.
Ви благодариме што сте дел од тимот, од нашето големо НЛБ семејство.