Речиси тројца од четворица вработени со нетрпение чекаат да се вратат во канцеларија, покажа неодамнешното истражување на Glassdoor.
Во изминатиот период, голем број компании се префрлија на работа од дома како одговор на пандемијата на Ковид-19. Тоа беше направено за да се овозможи нивно натамошно функционирање во периодот на затворање (lockdown), како и да се заштити здравјето на вработените. Но, што мислат вработените за тоа?
Скоро тројца од четворица вработени едвај чекаат да се вратат во канцеларија, покажа неодамнешната анкета на Glassdoor, а приближно една половина изјавиле дека очекуваат да се вратат во своите канцеларии (барем во одреден капацитет) до лето 2020 година.
Испитаниците рекоа дека првенствено им недостасувала дружбата со колегите и канцелариската соработка. Осумдесет и три проценти изјавиле дека веруваат дека нивните работодавци ќе донесат одлука за повторно отворање.
Вработените, исто така, очекуваат од компаниите да спроведат некои безбедносни мерки. Над половина од анкетираните вработени рекле дека очекуваат нивниот работодавач да го направи носењето маски задолжително во канцеларија, а 45% се изјасниле дека очекуваат нивните работни бироа да бидат поставени на оддалеченост од минимум 2 метри. Триесет и осум проценти сметаат дека ќе има мерење на температура пред да се дозволи влез во канцеларијата.
„Додека голем број вработени едвај чекаат да се вратат во канцеларија, работодавците што размислуваат за повторно отворање на канцелариите треба јасно да комуницираат дека работното место ќе изгледа многу поинаку и да ги информираат вработените што тоа значи за нив“, изјави Карина Кортез, одговорна за човечки ресурси во Glassdoor.
Инаку, некои работодавци, вклучително Facebook и Twitter, и официјално ја прифатија работата до дома на подолг период. Аналитичарите потврдуваат постоење на тренд на пошироко усвојување на работата од дома и сметаат дека тоа може да предизвика трајна промена во деловниот свет.
Според анализата на Willis Towers Watson, 53% од вработените во моментов работат од дома, а тој процент според компанијата се очекува да се намали на 22% во пост-кризниот период – три пати повисоко од 7% проценти измерени минатата година.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.