ГЛОБАЛНАТА КРИЗА МОТИВ ПЛУС ЗА „МАКПЕТРОЛ“ ДА ПРОДОЛЖИ СО СИЛНАТА ПОДДРШКА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

од 24HR

Деловното опкружување за сите сектори изминатава година донесоа значителни предизвици, но тоа што се случува на пазарот со нафта и со природен гас ја направија работата во оваа индустрија особено непредвидлива и предизвикувачка. И покрај тоа,  „Макпетрол“ не ги напушти принципите на своето работење, односно грижата за вработените ja задржа меѓу приоритетите и за нив обезбеди зголемување на платите во два наврати во 2022 година.

За речиси 2.000 луѓе што се дел од тимот на „Макпетрол“ тоа значеше плати повисоки за околу 20 отсто, без разлика на притисоците на глобалниот пазар и екстремните промени во цените на нафтата и на природниот гас што се случуваат на дневно ниво.

Дополнително „Макпетрол“ во 2022 исплати нето-износ од 30.000 денари по вработен како новогодишен надоместок, односно за тоа вложи вкупно 64.9 милиони денари. Регресот за годишен одмор беше 33.000 денари нето-износ по вработен, односно 71,79 милиони денари.

„Макпетрол“ е компанија што посветува огромна енергија и време на одржување на веќе добровоспоставените односи со вработените. Притоа, одлуките што се носат, а ги засегаат вработените не се паушални, односно се основаат на редовни истражувања и на директна, отворена, комуникација. Дискусии се водат по сите прашања, меѓутоа, нагласена вредност се дава на теми поврзани со здравјето и безбедноста, заштитата на животната средина, човековите права и еднаквите можности.

Лидерот на пазарот со нафта и нафтени деривати исклучително значење дава на фактот дека континуираниот развој на компанијата се должи на посветени, високопрофесионални и мотивирани вработени. „Макпетрол“ вложува и време и средства во грижата за нив, односно за креирање услови за нивна благосостојба и за успешен личен и професионален развој. Обуки, курсеви и ротации на работните места се само дел од интегрираниот пристап на планот на човечките ресурси. Целта, меѓу другото, е вработените е да сè стекнат со нови знаења, вештини и способности со кои што ќе можат да извршуваат посложени работни задачи.

„Макпетрол“ во 2022 година спроведе обуки за континуирано професионално усовршување на сметководители и овластени сметководители, обуки од областа на информатичките технологии, обука на возачи за стекнување со АДР-сертификат, обуки од областа на заштита на животната средина, обуки од областа на заштитата на личните податоци и системот за менаџмент со безбедност и здравје при работа – ИСО стандард 45001:2018. За работници на специфични работни места, беа спроведени специјализирани обуки во Хамбург, Германија. Во 2022 година компанијата вложи речиси три милиони денари во едукација на вработените преку обуки што ги спроведоа надворешни лица и експерти.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...