Октомври е идеален месец за стекнување нови подобри навики и за нашата нова кампања за благосостојба на вработените!
Го ставаме фокусот на здравјето и благосостојбата на нашите вработени затоа што сме посветени на создавање средина каде што секој колега ќе има поддршка во негувањето на личниот развој и своето здравје. Кампањата #НаправиМесто за здрави навики е мотив плус за воведување здрави рутини што ќе го подобрат секојдневниот живот на сите членови на тимот.
Првиот чекор е посветен на храната како основа на нашето здравје и енергија. Му благодариме на нутриционист д-р Александар Митов, за одличните совети за здрава исхрана и консултациите кои понатаму ќе ги води со нашите вработени.
Вложуваме во здрави навики и животен баланс зашто грижата за вработените е наш врвен приоритет.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.