Технолошкиот гигант Google објави дека вработените ќе можат да работат од дома до септември 2021 година.
Компанијата соопшти и дека ќе ја тестира идејата за „флексибилна работна недела“ веднаш штом работниот процес се врати во нормлала. Тоа го потврди и извршниот директор на Google, Сундар Пичај.
Според таа идеја, кога епидемиолошката состојба ќе се смири и процесот на работа повторно ќе се нормализира, вработените ќе можат да работат три дена од канцеларија, а два од дома.
„Ја тестираме идејата според која флексибилното работно време може да придонесе за подобра продуктивност, соработка и општо добро на компанијата“, рече Пичај.
Google е една од првите компании што им овозможи на своите вработени да работат од дома поради пандемијата.
За потсетување, на почетокот на август компанијата ги извести своите вработени дека тие ќе работат од дома до јули 2021 година.
Со новата одлука, тој период е пролонгиран до септември 2021 година.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.