Остануваат уште 3 дена до отворањето на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси во организација на МАЧР. Прочитајте зошто треба да бидете дел од најголемото HR случување во Македонија!
12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси, настан кој сам по себе прерасна во најголемо годишно HR случување кое традиционално го организира Македонската асоцијација за човечки ресурси, годинава ќе се одржи од 3ти и 4ти декември 2020 година.
Првата ваква меѓународна конференција за човечки ресурси беше организирана во далечната 2009 година, а оттогаш навака, оваа манифестација растеше во квантитет и во квалитет, за во последните неколку години да стане централен настан за разменување на знаења, идеи, искуства и нетворкинг на преку 300 професионалци за човечки ресурси од земјава.
Последната 11-та Меѓународна конференција за човечки ресурси се одржа на 20ти мај 2019 година – денот кога светската HR заедница го славеше Интернационалниот ден на менаџментот со човечки ресурси – а 12-тата Меѓународна конференција иако беше планирано да се одржи на истиот датум годинава, истата беше откажана поради мерките за заштита од коронавирусот.
Но сепак, и покрај сите предизвици пред кои не исправи 2020 година, Македонската асоцијација за човечки ресурси реши да вложи максимални сили и да ја закаже 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси на 3ти и 4ти декември која ќе понуди богата програма со презентации од врвни говорници, HR EXPO и можност за учество на образовни работилници од удобноста на вашите домови – бидејќи настанот ќе биде целосно онлајн.
Зошто треба да бидете дел од 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси?
Целта на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси е на публиката да и понуди едно врвно искуство прилагодено на условите и времето кое го живееме.
24HR како главен медиумски покровител на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси разговараше со дел од учесниците на минатогодишните конференции за да ви долови зошто треба да бидете дел од најголемиот настан за човечки ресурси кој започнува на 3ти декември.
„Затоа што работам во компанија-газела, која галопира со брзи чекори напред, а ние HR професионалците мора да бидеме чекор понапред од своите компании. Тоа подразбира проактивност, следење на HR трендовите, новите практики, контакти со HR фелата и размена на искуства… Меѓународната конференција за човечки ресурси на МАЧР е идеален спој на сето тоа на едно место“, вели Билјана Чкламовска – Legal/HR/ Compliance Manager во Novomatic AG.
„Добро место да се видам со сите колеги од фелата, да се запознаам со новите трендови во HR, а преку искуствата на говорниците да научам нешто ново, применливо за во компанијата каде што работам. Меѓународната конференција за човечки ресурси е добро место да стекнеш нови познанства и размениш контакти. Место каде што видиците се прошируваат“, ни откри Искра Трајкоска – HR & People Development Manager во Intertec.io.
„Извонреден едукативен настан кој ми даде можност да откријам нови напредни HR техники и добијам креативни идеи. Одлична шанса да се слушнат различни искуства и да се почуствува енергијата на такви професионалци од областа на HR“, кажа Сашка Тодоровска – HR Специјалист во Клиничка болница Аџибадем Систина
Повеќе за конференцијата, агендата и начинот на пријавување дознајте на веб страната mhraconference.mk.
24HR
главен медиумски покровител на
12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси
mhraconference.mk
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.