“А1 Македонија ни ги помести критериумите за описот на позицијата практикант, компанија која се грижи, која негува вистински вредности и се гордее со своите вработени” – разговараме со Деспина Ралевска, Вероника Николовска, Милена Анастасовска и Ненад Трајков, младите таленти во одделот за човечки ресурси на А1 Македонија.
А1 Македонија нуди развој и можност младите да направат скок од практикант до вработен, кои се твоите почетоци?
“Патувањето од практикант до вработен во А1 Македонија претставува богато искуство кое започнува со посветеност на личен и професионален развој. Уште од почетоците како практикант во А1, имав привилегија да бидам дел од создавање на културата која го цени растот и учењето. Mенторство и несебично делење на знаење од страна на искусните експерти од тимот за човечки ресурси и тимот за учење и развој ми обезбеди непроценливо искуство и можност да се развивам во својата улога. Самото професионално патување ми овозможи да преминам од практикант во специјализирана улога во компанијата. Моментално како Talent & Engagement Specialist секојдневно преку практични искуства, вклученост во Групациски проекти и придонес во стратегијата за човечки ресурси имам шанса да го споделам моето мислење и да го применам своето знаење, усовршувајќи ги моите вештини и проширувајќи ја мојата перспектива. Посветеноста на компанијата за поттикнување на соработката, слушање на гласот на вработените и обезбедување на програми за учење, развој и кариерен пат навистина ја издвојува, охрабрувајќи ги младите професионалци да даваат значаен придонес. Како за крај, би сакала да нагласам дека А1 навистина нуди поддршка и ресурси за успешна кариера, но личната иницијатива и посветеноста се најважни за оние кои се подготвени да инвестираат во нивниот развој и успех.” – Деспина Ралевска, Talent & Engagement Specialist во А1 Македонија”.
Создади искуство кое ти сакаш да го живееш е една од можностите кои компанијата ги нуди на вашите колеги, кoja е твојата приказна?
“А1 Македонија нуди можности за создавање на уникатни искуства, негување на заедничка пасија за новитети, соништа и аспирации. Мојата приказна во А1 Македонија започна со практикантски ангажман како дел од тимот за човечки ресурси во административниот тим. Од самиот почеток се чувствувам добредојдена и ценета, опкружена во тим кој е составен од посветени професионалци кои имаат една заедничка цел за поттикнување на позитивна и продуктивна средина на работното место. За мене ова беше едно ново и трансформативно патување кое сè уште со ентузијазам го живеам. Пред две години добив можност за вработување и превземање на нова улога во мојата кариера, односно да се развивам како бизнис партнер на САП одделот на групациско ниво. Секој ден ми претставува нов предизвик и нова можност за учење, растење и развивање во водите на HR. Духот на соработка во А1 Македонија е навистина извонреден, ние работиме заедно за да развиеме стратегии кои го подобруваат задоволството на вработените и поттикнуваат раст на нашата компанија. Да се биде дел од ваков динамичен и колегијален тим е прекрасно искуство и со нетрпение очекувам да продолжам да бидам дел од нашата заедничка визија за годините што доаѓаат пред нас. Размислувајќи за мојот кариерен напредок од практикант до бизнис партнер, благодарна сум за секој предизвик и можност што сум го искусила во мојата кариера. Моето искуство во А1 е доказ за моќта на посветеноста, континуираното учење и искористувањето на можностите кои оваа компанија ги нуди. Преминот од практикант за човечки ресурси во стратешка улога на ниво на групација не само што го прошири мојот професионален хоризонт, туку и ја продлабочи мојата релација со мисијата и визијата на А1 Македонија.” – Вероника Николовска, Junior HR Partner for IT Enterprise”.
Кои се можностите кои А1 Македонија им ги нуди на младите, особено оние кои немаат работно искуство?
“А1 Македонија е компанија која ги цени младите, им нуди можности за развој и учење, стекнување на нови искуства, работа со експерти и нивно менторство. Пред да бидам дел од А1 (иако знаев HR теорија), јас немав воопшто практично искуство а понесена од желбата да работам интернационален HR, без двојба поднесов апликација. Сигурна бев дека во оваа компанија ќе научам многу работи кои ќе ми помогнат да ги усовршам теоретските знаења, а воедно и да се развивам постепено како личност, како и да се запознаам себе си подобро. Во текот на практикантството, бев дел од најдобриот HR тим кој постојано ме охрабруваше да развивам чувство на припадност, еднаквост и мотивираност за нови перспективи. Мојот практикантски ангажман траеше една година, по што добив можност да се вработам на позицијата Помлад специјалист за поддршка на вработени. Мојот опис на работно место веднаш се надополни, следуваа повеќе одговорности, поголеми предизвици и можности за учење на нови работи. А1 Македонија ни ги помести критериумите за описот на позицијата практикант, компанија која се грижи, која негува вистински вредности и се гордее со своите вработени.” – Милена Анастасовска, Junior People Support Specialist”.
“Да се биде практикант е огромен предизвик, тоа е еден од првите чекори кои младите го прават во својата кариера, односно првата скала која ја искачуваат за стекнување на работно искуство. А1 поттикнува раст и развој, обезбедува менторство и вистинско практично работно искуство во агилна работна средина. Програмите им нудат на младите таленти можност добро да ја научат индустријата, да ги зајакнат своите технички и меки вештини и да постават цврста и силна основа за нивните идни кариери. А1 Македонија ги подговува младите со уникатни вештини и знаења кои се потребни за да напредуваат на секое поле.” – Ненад Трајков, Junior Talent and Engagement Specialist”.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.