Друштвото за осигурување Триглав Осигурување Живот АД Скопје по добиената согласност од Агенцијата за супервизија во осигурување, доби нов Генерален Директор и Извршен член на одбор на директори, Г-ѓа Христина Џамбазовска Анастасов која по повеќе од една деценија искуство на клучни секторски позиции во осигурителниот сектор ја презема водечката позиција во компанијата.
Најважната алка во мојот мандат, а согласно стратегијата на Групацијата Триглав е поврзување на компанијата со клиентот на едно поинакво ниво и обезбедување на максимална грижа и стекнување на меѓусебна доверба. Верувам во реализација на поставените цели и во текот на моето раководење ќе стремам кон тоа да обезбедиме стабилност, и задоволство на секој корисник и вработен во Триглав Осигурување Живот АД Скопје-изјави Христина Џамбазовска Анастасов.
Триглав Oсигурување Живот АД Скопје е друштво дел од Групацијата Триглав кое последните неколку години стана препознатлив бренд и направи огромни поместувања на пазарот на животното осигурување. За петгодишниот период на своето постоење успеа да направи одлични резултати, а последните две години е препознатливо по најголем број на продадени полиси за осигурување на живот. Своето портфолио Триглав Живот го надополни своето портфолио со неколку нови производи со што го доби епитетот друштво-иноватор на полето на осигурување.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.