Истражувањата покажуваат дека хуморот не е само забава туку HR стратегија што го зголемува ангажманот, креативноста и чувството на припадност во тимовите (Harvard Medical School, Forbes, Humor, Seriously: Why Humor Is a Secret Weapon in Business and Life…)
Годината е при крај, темпото е сè побрзо, а на сите ни треба малку одмор за умот и добра доза на хумор!
Овој пат причината за смеа е многу сериозна, во Скопје на 5 декември доаѓа Џим Џефрис, еден од најголемите светски стендап комичари, кој со своето ново шоу “Son of a Carpenter” ќе настапи во живо, во СЦ „Јане Сандански“.
Австралиецот со остар јазик, препознатлива харизма, пет Нетфликс специјали зад себе, серијата “Legit”, и шоуто “The Jim Jefferies Show” на Comedy Central, со својот настап во Скопје ќе создаде незаборавна вечер каде што сериозноста на моментот ќе му отстапи место на искрениот, ослободен хумор.
Џефрис не е само комичар, тој е раскажувач што успева да ја натера публиката да се насмее, да се замисли и повторно да се насмее. Токму тоа е магијата што му донесе распродадени арени низ најголемите европски престолнини, Лондон, Париз, Милано, Барселона, магија која сега ја носи и кај нас.
И ако се прашувате што има ова со човечките ресурси, одговорот е едноставен: смеата е најприродната форма на wellbeing. Некогаш токму еден ваков настан е доволна причина тимот утредента да биде помотивиран, поопуштен и поблизок.
🎟️ 5 декември 2025 | СЦ „Јане Сандански“, Скопје
Билетите се распродаваат брзo, резервирајте ги на време и подарете си настан што долго ќе се памети!
Пост за социјални мрежи:
Бројни истражувања потврдуваат дека хуморот е одлична HR стратегија! 😄
🎭На 5 декември, Скопје ќе биде домаќин на еден од најдобрите комичари во светот, Џим Џефрис со своето ново шоу “Son of a Carpenter”!
Идеална прилика да ја завршите годината со насмевки, тимска енергија и настан што ќе се памети. 📅 5 декември 2025
📍 СЦ „Јане Сандански“, Скопје
🎟️ Продажба на билети: https://drugastrana.mk/event/jim-jefferies-live-in-skopje/
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.

