Интерактивно практично советување посветено на судската пракса од област на сопственичките спорови.

од 24HR

СПЕЦИФИЧНОСТИ ОД СУДСКАТА ПРАКСА ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД НЕКОИ КАРАКТЕРИСТИЧНИ СОПСТВЕНИЧКИ СПОРОВИ ПО ОСНОВ НА ОДРЖУВАЧКА,ДОГОВОРИ ЗА ЗАЕДНИЧКА ГРАДБА И ПАРТНЕРСКИ ПРИДОНЕС ВО БРАЧНА И ВОН БРАЧНА ЗАЕДНИЦА

АЦТ! како препознатлив партнер во професионалната едукација Ве поканува на интерактивно практично советување посветено на судската пракса од област на сопственичките спорови.

Мотивот да го организираме ова советување произлегува од сè поголемата сложеност на сопственичките спорови, што налага потреба од нијансирано разбирање на некои карактеристики при сопственичките спорови и релевантната судска пракса. Практичното советување има за цел да обезбеди вредни сознанија за различните правни сложености околу имотните спорови, особено фокусирајќи се на:

▪ сопственички спорови по основ на одржувачка,

▪ сопственички спорови произлезени од договори за заедничка градба и

▪ сопственички спорови за партнерски придонес во брачна и вон брачна заедница

Почитуваните судии од Основниот граѓански суд Скопје и Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе бидат предавачи на ова советување, споделувајќи ја својата експертиза и искуства за за релевантните правни прашања кои ќе се во фокус на ова советување.

Советувањето подетално ќе ги опфати следните теми:

Преглед на основите за стекнување сопственост во македонското законодавство

Стекнување право на сопственост и партнерски придонес во брачна и вонбрачна заедница, со специфични одлуки од судска пракса

Судски спорови кои произлегуваат од стекнување сопственост по основ на одржувачка и одржувачка према државата

Спорови кои произлегуваат од договорите за заедничка градба

Советувањето ќе се одвива на интерактивно ниво со предавања, примери од пракса, директна комуникација со предавачите, прашања, одговори и дискусија. Поради тоа, ги охрабруваме учесниците да подготват што поголем број на прашања и да се вклучат во дискусиите верувајќи дека интерактивниот пристап на овој тип на настани има најголема вредност во смисла на идна применливост на презентираните теми.

ПРЕДАВАЧИ

Судија Љубица Колиќ, Основен Граѓански суд Скопје

Судија м-р Катерина Георгиевска, Врховен суд на Република Северна Македонија

НАДОМЕСТ ЗА УЧЕСТВО

Цената за учество на советувањето изнесува 4.500 МКД + 18% ДДВ за еден/-на учесник/-чка. За пријавени 3 и над 3 лица од ист правен субјект следува попуст од -10%.

Во цената е вклучено: учество на советувањето, материјали од советувањето и сертификат. Плаќањето се врши по основ на про-фактура пред одржување на советувањето или по основ на фактура по одржување на советувањето.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето за учество на советувањето се врши најдоцна до 24.04.2024 година (среда) на е- пошта: obuki@act.com.mk

При пријавувањето, Ве молиме, наведете го името, презимето, телефон за контакт на учесникот/- чката, името и адресата на правното или физичкото лице кое ќе го врши плаќањето.

Дополнително, наведете доколку имате преференци во однос на оброкот за ручек (веганска, вегетаријанска или друг тип на исхрана, вклучувајќи и алергени) со цел навремено да биде подготвен поинаков оброк од предвидениот.

ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ

Советувањето ќе се одржи во хотел Квинс кој се наоѓа на ул. Васил Ѓоргов бр.16 во склоп на трговскиот центар Зебра. Конференциската сала во која ќе се одвива советувањето се наоѓа на четвртиот кат.

AЦТ! како организатор на ова советување води грижа за здравјето на лицата кои се дел од едукативните настани и за заштита на животната околина, поради што Ве охрабруваме да користите зелени превозни средства, но доколку дојдете на советувањето со автомобил или моторцикл, може да ги користите паркингот во ТЦ Зебра или паркингот на Градски паркинг спроти ТЦ Зебра кои што се наплаќаат.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...