Во денешно време, технологијата го трансформира пазарот на трудот, а компаниите постојано бараат нови начини да ги поврзат најдобрите таленти со вистинските можности. DEKRA, лидер во областа на човечките ресурси и вработувањето, не само што следи, туку и поставува стандарди во индустријата. Со лансирањето на нивната нова платформа JobLink, тие повторно покажуваат дека во чекор со трендовите поврзани со вработувањето.
Во ова интервју со Катарина Тасевски, оперативен директор во DEKRA Arbeit Macedonia ќе разговараме за иновациите што ги носи оваа нова платформа, предизвиците при нејзиното лансирање и како DEKRA се адаптира на новите трендови на вработување. Прочитајте повеќе за тоа како JobLink може да го промени начинот на кој професионалците и компаниите се поврзуваат во Македонија и пошироко.
Декра е позната по долгогодишната успешна работа во областа на човечките ресурси. Што ве инспирираше да ја лансирате платформата JobLink?
После 20 години искуство на ХР сцената во Македонија, свесни сме дека светот на човечките ресурси постојано се развива и расте, а со него и специфичните потреби на луѓето кои бараат работа или компаниите кои сакаат да привлечат таленти. Токму тоа не инспирираше за нова алатка во нашето портфолио која ќе ги олесни овие процеси. JobLink by DEKRA е резултат на нашата желба да им понудиме на луѓето едноставно, интерактивно решение за барање работа и вработување. Платформата не е тука само да ги следи трендовите, туку да обезбеди реални и корисни решенија за сите нас.
Како JobLink се разликува од другите платформи за вработување што веќе постојат на пазарот?
JobLink by DEKRA се фокусира на она што го прави процесот на барање работа и вработување поедноставен и поефикасен. Наместо да бидеме само уште една платформа за објавување огласи, ние се обидуваме да понудиме место каде што кандидатите можат да најдат позиции што одговараат на нивните квалитети, додека компаниите можат лесно да управуваат со процесот на барање на кандидати. Се стремиме да бидеме алатка што ги поедноставува нештата и која е лесна за користење.
Кои се најголемите предизвици со кои се соочивте при развојот и лансирањето на оваа нова услуга?
Како и со секој нов проект, предизвиците беа многубројни. Од обезбедување беспрекорно корисничко искуство до интеграција на напредни технологии. Но, најголемиот предизвик беше да создадеме нешто што е навистина корисно и за кандидатите и за компаниите – искуство кое ќе го редефинира начинот на кој талентите се среќаваат со можностите на македонскиот пазар. Можеме со гордост да кажеме дека ги надминавме овие предизвици со силен тим и јасна визија.
Како платформата помага на компаниите во Македонија да најдат и ангажираат таленти поефикасно?
JobLink by DEKRA е дизајнирана да го направи процесот на поврзување на луѓето и компаниите едноставен. Компаниите можат лесно да објавуваат огласи и да ги следат апликантите, а нашата технологија и можностите на порталот им помагаат да најдат кандидати кои одговараат не само на барањата на работната позиција, туку и на културата на компанијата. Со голем фокус на Employer Branding, нудиме простор за компаниите да ги претстават своите вредности и да привлечат вистински таленти.
Технологијата брзо се менува, особено во областа на човечките ресурси. Како се адаптирате на овие промени и како JobLink ќе одговори на идните трендови?
Сведоци сме на брзи промени во технологијата, особено во HR. За нас, најважно е да бидеме флексибилни и подготвени да се прилагодиме. JobLink е создаден со таа идеја – платформата е отворена за подобрувања и ќе продолжиме да ја развиваме за да остане интерактивна, релевантна и корисна. Секогаш ќе бараме начини да ја подобриме и да одговориме на новите трендови.
Каква е вашата стратегија за привлекување таленти на платформата JobLink и како планирате да ја зголемите нејзината популарност кај кандидатите и компаниите?
Работиме континуирано на тоа JobLink by DEKRA да стане препознатливо име, потпирајќи се на кредибилитетот и довербата која ДЕКРА ја гради во ХР секторот, се со цел да привлечеме врвни таленти. Токму затоа создадовме платформа која е едноставна за користење, со јасни придобивки и за кандидатите и за компаниите.
Колку е значајна улогата на корисничкото искуство (UX) во развојот на JobLink и кои се главните карактеристики што го издвојуваат JobLink во однос на функционалност и едноставност на користење?
Корисничкото искуство е клучно за нас. Ако луѓето не можат лесно да се снајдат на платформата, тогаш и најдобрите карактеристики нема да бидат корисни. Во JobLink, се фокусиравме на тоа да го направиме процесот едноставен, интуитивен и функционален.
Како платформата ќе одговори на потребите на различни индустрии и типови на работни позиции, и дали има опции за персонализација на искуството за корисниците?
JobLink е направен да биде флексибилен. Различните индустрии имаат различни потреби, и затоа платформата е подготвена да понуди опции за персонализација. Компаниите ќе можат да објавуваат огласи кои се специфични за нивната индустрија, а кандидатите ќе можат да најдат работни позиции што одговараат на нивните вештини и интереси.
Како JobLink помага во решавањето на проблемите со долгите процеси на регрутирање и како ги скратува времињата за вработување?
Со JobLink, компаниите имаат на располагање алатки што го прават процесот поедноставен. Ние им овозможуваме брзо објавување на огласи, поврзување со кандидатите и следење на процесот. Нашата технологија за усогласување им помага на компаниите да ги пронајдат вистинските кандидати побрзо, што значи дека и времето на регрутација може значително да се намали.
Кои се вашите идни планови за подобрување на JobLink и кои други иновации можеме да ги очекуваме од Декра во блиска иднина?
Постојано работиме на нови функции за подобрување на корисничкото искуство. Исто така, платформата ќе ја надополнуваме континуирано со алатки и содржини кои ќе бидат од интерес како за кандидатите, така и за компаниите. Но да не откриваме премногу. Нашето патување со JobLink by DEKRA тукушто започнува 😊
Во меѓувреме, ДЕКРА останува посветена и фокусирана на иновации во ХР секторот, со возбудливи проекти кои ќе продолжат да го револуционизираат начинот на кој луѓето се поврзуваат со работата.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.