Делтатре неодамна официјално го прослави отворањето на новата канцеларија во Скопје која доби нов и уникатен изглед. На забавата присуствуваа вработените од Делтатре Скопје, соработници, како и вработени од останатите канцеларии на Делтатре низ светот.
Водечката компанија во ИТ сферата чиј главен фокус се развивањето на софтвер за спорт и забава успеа да создаде модерен и удобен простор кој поттикнува продуктивност, креативност и секако забава.
Новиот дизајн на канцеларијата го сочинуваат главниот канцелариски простор кој има отворен концепт, како и неколку функционални микро простории – конференциски сали, соба за презентации и „on-call booths“ кои им овозможуваат флексибилен простор за работа на вработените.
Она што ја прави оваа канцеларија исклучително различна се деловите наменети за релаксација и дружење. Вработените во Делтатре можат слободното време да го помуваат во собата за игри, собата за рекласација и медитација, гледајќи филм во малата кино сала или дружејќи се во новата омилена зелена просторија.
Новиот и модерен редизајн на канцеларијата е комплетиран со целосно брендирање и опрема на Делтатре.
HR менаџерката Стефанија Зип вели: „Неверојатно возбудливо е да се видат реализирани нашите планови за канцеларијата на Делтатре во Скопје.Убедена сум дека ќе биде средина која ќе се карактеризира со иновации, соработки и стекнување нови знаења и искуства. Ова е одличен момент да се придружите на тимот на Делтатре – работиме на некои од најголемите настани во светот, додека продолжуваме да го развиваме нашето портфолио на продукти и да им служиме на значајни клиенти од областа на спортот и забавата.“
Сепак, многу поважно од самата канцеларија е тимот на креативни, мотивирани и продуктивни професионалци кои го прават ова место идеална средина за работа. Во моментов Делтатре има повеќе отворени работни позиции и е во потрага по посветени и талентирани нови колеги.
Ги охрабруваме сите заинтересирани да ја посетат веб страницата [M1] на Делтатре и да ја пронајдат позицијата која најмногу одговара на нивното искуство и експертиза.
Делтатре е лидер во создавањето ултимативно стриминг-искуство на спортските обожаватели во секое време, од секое место и на секој уред. Со своите водечки продукти на пазарот и портфолиото на услуги, оваа компанија го промени начинот на кој луѓето ги доживуваат и консумираат спортот, платформите за забава и воопшто стримингот. Во престижната листа на Fast Company, Делтатре е именувана како една од „Најиновативните компании во светот“.
Информации за контакт
ПР менаџер – Бен Тобин
HR менаџер – Стефанија Зип
stefanija.zip@deltatre.com
[M1]https://www.deltatre.com/careers/open-positions?locations=North%20Macedonia&page=1
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.