Изградете го вашето CV од нула: Совети за млади лица кои бараат работа

од 24HR

Колумна на Сашка Малиновиќ – Регрутер во компанијата The Headhunter,мотивирана од моќта на креативноста за отклучување на нови можности и цели. Дипломиран психолог при Филозофскиот факултет во Скопје

Создавањето привлечнo CV може да биде застрашувачка задача, особено за младите кандидати без релевантно работно искуство или немаат воопшто искуство. Многу компании ја нагласуваат потребата за кандидати со искуство во областа, не земајки ги во предвид кандидатите што штотуку дипломирале. Сепак, постојат проактивни чекори што можете да ги преземете за да го пополните своето CV и ефикасно да ги покажете своите вештини.

Волонтирање – Еден вреден начин за стекнување искуство е волонтирањето. Иако станува збор за неплатен ангажман, стекнатото искуство може значително да го подобри вашиот сет на вештини. Побарајте волонтерски можности во компании поврзани со вашата посакувана област, бидејќи тоа не само што ќе обезбеди соодветно искуство, туку и ќе ја покаже вашата посветеност на индустријата.

Присуства на настани и посетување курсеви – Присуството на настани во индустријата и слушање на online курсеви е уште еден ефикасен начин за зајакнување на вашето CV. Одвојте посебен дел за посетени обуки каде што можете да ги наведете релевантните курсеви што сте ги завршиле. Платформите како Udemy и LinkedIn нудат доста курсеви, често со попусти, што ви овозможуваат да стекнете нови вештини и да останете ажурирани за трендовите во индустријата.

Помогнете им на пријателите и блиските со мали бизниси – Искористете ги своите вештини за да им помогнете на пријателите или блиските кои имаат мали бизниси. Без разлика дали сте графички дизајнер, маркетер или поседувате вештини во друго поле, придонесот во проектите на вашиот пријател може да послужи како практично искуство. Вклучете ги овие соработки во вашата биографија за да ја покажете вашата практична примена на вештините.

Хонорарни проекти – Вклучете се во хонорарни проекти за да изградите портфолио и да стекнете искуство од реалниот свет. Freelancing ви овозможува да развиете работна рутина и рамнотежа, подготвувајќи ве за барањата на идните позиции. Истакнувањето на хонорарната работа на вашата биографија го покажува вашиот проактивен пристап за стекнување на соодветно искуство.

Аплицирајте на Entry позиции – Веке кога го изработивте вашето CV аплицирајте на позиции од entry ниво, дури и ако ви недостасува директно искуство. Многу компании нудат улоги на почетно ниво кои обезбедуваат обука на работното место. Започнувањето со практиканство е исто така добра опција, бидејќи ви овозможува да стекнете практично искуство додека ја демонстрирате вашата посветеност на учење и раст.

Напишете го секое работно искуство – Вклучете какво било работно искуство, дури и ако тоа не е директно поврзано со вашата посакувана област (работа во кафич, бутик, продавница). Прикажете ги преносливите вештини стекнати од претходните улоги, нагласувајќи како тие можат да придонесат за вашиот успех на нова позиција. Менаџерите  честопати го ценат разновидниот сет на вештини и способноста на кандидатот да се прилагоди.

Изработката на CV кога штотуку го започнувате своето патување во кариерата може да изгледа на предизвик, но со правилен пристап, можете ефективно да го покажете вашиот потенцијал пред работодавците. Запомнете, секое искуство е важно, и со упорност, ќе ги зголемите вашите шанси да ја добиете работата што сонувате. Со среќа!

За авторот:

Сашка Малиновиќ – Регрутер во компанијата The Headhunter,мотивирана од моќта на креативноста за отклучување на нови можности и цели. Дипломиран психолог при Филозофскиот факултет во Скопје

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...