вторник, јануари 6, 2026
Почетна НовостиИзвестување од Макпетрол за состојбата со цената на природниот гас, како и на метанот 

Известување од Макпетрол за состојбата со цената на природниот гас, како и на метанот 

by 24HR

Почитувани,

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец октомври ќе се намали за околу 200 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за месец септември оваа година.

Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цена на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), се намалува за 20 денари за килограм, односно ќе изнесува 184 денари за килограм.

Со почит,

„Макпетрол“ АД

Related Posts

Leave a Comment