Во Сабота се организира првиот Хакатон за вработување во Македонија од страна на Bintern и Code Academy.
На овој Хакатон ќе се натпреваруваат 25 учесници на програмерски предизвик. На победниците на Хакатон ќе им бидат понудени работни позиции од компании кои ќе бидат дел од настанот. Целта на хакатонот е да ги поврзе работобарателите со компаниите за работни пoзиции.
Покрај тоа што ќе се натпреваруваат учесници, на овој настан ќе имаме многу гости на настанот кои ќе ги посетат штандовите на компаниите кои нудат можности за пракса и вработување.
Гостите на Хакатонот ќе имаат можност да направат “Speed Interviews”, односно во рок од 5-минути да разговаараат со некој од човечки ресурси од присутните компании. Овој концепт ќе им овозможи на присутните да добијат реален фидбек и да си ги подобрат своите презентациски вештини.
Сите заинтересирани компании кои сакаат да бидат дел од овој Хакатон може да се пријават на следниот линк: https://forms.gle/6aQ6u5y6GosvdcEWA
