Како да ги градиме вработените пред да бидат вработени

од 24HR

Колумна на м-р Ана Салтирова Давидовски-Основач на Кампања @ЛиченИЗБОР https://linktr.ee/licenizbor, Автор, Член на УО на МАЧР, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој

Кои се вработените кои сеуште не се вработени? ДЕЦАТА.

Децата, се идните вработени кои компаниите не ги таргетираат или тоа не го прават планирано и структурирано. А што велите да почнеме? Дополнителен бонус е бенефитот и за вас/вашите моментални вработени. Ако ова ви изгледа интересно и сакате да знаете повеќе само продолжете да читате деталите се подолу.

Може ќе ве изненади ама нема некоја голема разлика од вештините што му се потребни на едно дете во паркот, школскиот двор од оние кои ни се потребни на нас возрасните на состанок во деловниот свет.

Во последните 18+ години работа како тренер за меки вештини, NLP тренер и coach во корпоративниот свет гледам дека некои работи кои јас ги подучувам возрасите и кои и јас самата ги учев како возрасна, а се прашував ЗОШТО ова не го знаев порано, можеме ние родителите да ги подучиме децата, како би ги подготвиле да влезат во бизнис светот и таму да продолжат да си играат безгрижно како што тоа го прават денес.

Од друга страна, како родител секојдневно работам да го направам растењето на моите деца не полесно, туку покорисно за животот кој што е пред нив, се трудам да бидам пред се пример, а потоа и поддршка во нивното растење. Се вложувам да ги подготвам да бидат спремни за времето што доаѓа, а кое не ни знам како ќе изгледа, што наведува дека и јас не сум спремна, па си помислив да се спремаме заедно. Како HR професионалец би сакала тоа да го прават повеќето родители како би имале понатаму вработени со емоционален капитал (во месец март на 24hr објавија моја стратија на тема Емоциоалниот капитал – тајната на конкуретноста https://24hr.mk/emocionalen-kapital-tajnata-za-konkurentnost/, ве повикувам да ја прочитате и неа).

Идејата е дека не мораме сѐ да праваме сами и не мораме да ги имаме сите одговори, а притоа да можеме да уживаме во родителувањето и да му бидаме поддршка на дете, дополнително од тоа и ние самите да учиме вештини кои ќе ни бидат корисни во работата. Идејата за КЛУБОТ за РОДИТЕЛИ (https://subscribepage.io/LlDgai) многу време растеше во мене и веќе и е тесно. Работите брзо се менуваат, требаме и ние.

Ако сакаш и твоето дете на 4 години да ти даде feedback следејќи ги школски чекори кои никогаш ги нема учено како мојата Елена или пак да преговара како мојот Огнен кој тоа вешто го прави како моите најтешки клиенти, аргументирано ги преиспитува работите, нешто што ми е многу важно да знае да го прави сега кога влегува во тинеџерските години, а секако ќе му биде и повеќе од потребно во деловниот свет. Те очекувам во Клубот на Родители да растеме заедно, да менуваме искуства и да си бидеме поддршка како би го зголемиле уживањето во овој неверојатно благороден повик кој не ретко знае да биде и неверојатно стресен. Од друга страна за нас HR професионалците темата која што е се повеќе актуелна е добросостојбата (wellbeing) на вработените, поддржувањето на улогата родител која ја имаат вработените секако влегува во таа тема, а бонус ќе биде тоа што вештините кои ќе ги научат вработените ќе може да ги аплицираат и во својата работа.

Побрзајте Клубот отвора вработи два пати годишно во МАЈ и ноември, ѕирнете повеќе на  следниот линк https://subscribepage.io/LlDgai.

За авторот:

м-р Ана Салтирова Давидовски

Основач на Кампања @ЛиченИЗБОР https://linktr.ee/licenizbor, Автор, Член на УО на МАЧР, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...