Како ITtude го трансформира рекрутингот:Откриена е тајната на пополнување на позиција за 48 часа

од 24HR

Интервју со Љубинка Такашманов, MSc., CEO на ITtude

ITtude почна да станува синоним за успешни рекрутинг приказни во земјава. Како би ја претставиле компанијата и што ја прави поразлична од другите?

ITtude е релативно млада компанија која нуди палета на регрутациски услуги со цел навремено и ефикасно пополнување на отворените работни позиции на нашите клиенти.
Во изминатите 3 години имаме опслужено повеќе од 70 компании од Македонија, САД и Европа, од различни индустрии.

Она што нè прави по различни во оваа индустрија е што обезбедуваме кандидати
во рок од 48 часа од иницијалното побарување од клиентот.

Сметам дека сме пиоенри на сосема различна парадигма во светот на регрутирањето. Нашиот пристап е дефиниран преку длабоко верување во синергија и взаемна доверба. Соработката е клучна за успех, и затоа промовираме култура на отвореност и тимска работа и го споделуваме ова со нашите клиенти. Оваа посветеност на взаемна доверба ни дозволува да изградиме цврсти, долготрајни партнерства кои поддржуваат заеднички успех.

Нашиот уникатен пристап кон регрутација на персонал нема за цел само да пополни позиција, тоа е процес кој е пријатен и инспиративен за сите кои се вклучени во него. Од иницијалниот контакт до конечното вработување се трудиме да креираме позитивно искуство кое ги надминува очекувањата. Оваа посветеност кон извонредност е рефлектирана во сè што правиме, од оддржување на ветувањето дека сите проекти ќе почнат на време до нашата способност да пополниме било која позиција во рок од 48 часа, без разлика на индустрија, локација или буџет за истата.

Креирање и испорачување на вредност за нашите клиенти повеќе од нивните очекувања е уште една вредност која ITtude ја гаи. Нашата мрежа на професионалци е структурирана на начин кој ни овозможува да го пронајдеме најдобриот кандидат за нашите клиенти многу брзо. Ова, комбинирано со нашиот фокус на креирање и задржување на best candidate experience, не издвојува од конкуренцијата.

Која е целта на ITtude?

Целта ни е да го подигнеме рекрутингот во Македонија на едно сосема ново ниво и да ја направиме земјава светски центар за регрутација и регрутерски услуги. ITtude како компанија вклучува многубројни иновативни решенија и новитети во изнаоѓање и заджување на кадар, кои им помагаат на нашите клиенти да растат и успеат во својот бизнис. Подобрувањето на нивните HR процеси и огромни успеси во задржување на кадарот, е само доказ дека нашите стратегии и пристап се повеќе од функционални.

Со огромно искуство во глобално менаџирање на ресурси и развој на талент, знам колку е важно да се најдат одлични луѓе за проекти брзо и во буџет. Затоа сум посветена на револуционизирање на регрутинг индустријата, нудејќи поинакви решенија, поставувајќи нови стандарди на извонредност во светот на регрутацијата, и помагајќи на клиентите да растат брзо со претставување на топ кандидати, секогаш во рок и во буџет.

Што мислите за нивото и професионалноста на регрутациските услуги во Македонија? Колку внимание посветуваат компаниите на регрутирање на персонал?

Во Македонија, компаниите често трошат многу време на регрутација, процес кој е перципиран како стресен и не секогаш успешен. Еден од главните предизвици со кои се соочуваат е идентификување на соодветни кандидати и нивно задржување. Процесот е отежнат поради големиот процент на откажување на кандидатите за време на интервјуата, пособено во фаза на презентирање на понуда.

Факт е дека компаниите се соочуват со промена на опкружувањето во смисла на услови на вработување, предизвикани од потребите и предизвиците кои со себе ги носи Генерацијата З. Круцијално е компаниите да станат свесни за овие промени и да ги инкорпорираат истите во нивните стратегии за регрутација. Неспособноста да се адаптираат на овие промени може да резултираат во губење на кадар затоа што кандидатите сè повеќе бараат работодавци кои се совпаѓаат со нивните вредности и очекувања.

За да останат конкурентни, компаниите мора да внесат свежи идеи и иновативни решениија во процесот на регрутација. Регрутацијата е крвоток во организациониот успех и раст, и стагнацијата во ова поле може да доведе до пропуштени можности и потешкотии во привлекување и задржување на топ персонал. Затоа колку побрзо станат свесни за важноста на овој процес, толку е подобро за нив, а ITtude е секогаш тука да помогне.

Колкава е заинтересираноста на компаниите за аутсорсирани рекрутинг решенија и која е предноста ако се одлучат за такви?

Ме радува фактот што сè повеќе компании од Македонија се осврнуваат кон професионални регрутациски услуги. Овие услуги не само што штедат време, туку нудат и експертиза и експресност во идентификација на кандидати и нивно задржување. Преку аутсорсирање на регрутацијата, компаниите може да го поедностават целиот процес и да го намалат стресот. Со тоа значително може да ја зголемат својата продуктивност и процентот на успешни вработувања.

ITtude до сега успева да ги достави правите кандидати и да ги пополни сите позиции успешно. Откажување на наши кандидати е помал од 0.1%, а односот на пратени/интервјуирани кандидати е над 97. Како екстра вредност за нашите клиенти, нудиме и анализа на пазар, за клиентите секогаш однапред да се свесни за буџетот на позициите и инвестициите.

Кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат компаниите во поглед на наоѓање кандидати и како ITtude ги надминува?

Регрутацијата е комплексен и предизвикувачки процес, исполнет со препреки кои ја намалуваат способноста на компанијата да најде соодветен кадар. Во ITtude, ние ги разбираме овие предизвици и имаме изградено наша репутација преку конфронтирање на општите оправдувања за потешкотиите при наоѓање кадар, кои преовладуваат во индустријата за регрутација.

Еден од најголемите предизвици кои компаниите се соочуваат е чувството дека кандидатите ги игнорираат. За да го надминеме ова ние ги приоретизираме ефективната комуникација и градењето на цврсти односи со кандидатите со цел да се осигураме дека тие се чувствуваат ценети и почитувани низ целиот процес на регрутација.

Друга општа перцепција е дека платите се премногу високи. Во ITtude, ние сме во непсоредна комуникација со нашите клиенти за да ги разбереме нивните буџетски рамки и да понудиме иновативни решенија за привлекување соодветен кадар во склоп на тие рамки. И покрај растечката инфлација која влијае на буџетите на компаниите ние користиме флексибилен пристап да разговараме со кандидатите и имаме посебен пристап за намалување и менаџирање на буџетскиот јаз меѓу побарувањата за плати од кандидатите и компаниските буџетски рамки.

Наоѓање на соодветен персонал со потребни квалификации е уште еден проблем со кој се соочуваат повеќето компании. Преку искористување на нашата огромна мрежа и проактивни стратегии, ние сме во можност да обезбедиме широк дијапазон на кандидатите дури и за најретките и специфични позиции. Нашиот ригорозен скрининг и ветинг процес гарантира претставување на кандидати кои се соодветни за специфичните барања на клиентите, притоа заштедувајќи им време и ресурси во потрагата по врвен кадар.

Која е тајната на наоѓање кандидати во 48 часа?

Многу луѓе често прашуваат „Како успевате да најдете толку одлични кандидати толку брзо, додека другите тимови се борат со месеци? И како можете самоуверено да им го ветувате тоа на вашите клиенти? Да одговориме овие прашања, се одлучивме само сега да понудиме единствен тренинг за регрутерите од Македонија, за да  им помогнеме да се издигнат на едно сосема ново ниво и од поразлична перспектива да приоѓаат на рекрутингот.

Beyond Recruiting – Building Invincible Recruiters training program од ITtude е сосема ново тренинг исксутво наменето за регрутери кои сакаат да ги подобрат нивните способности и да постанат лидери во индустријата. Оваа програма не е само за учење туку и за охрабрување на регрутерите да постанат херои во нивните организации.

Програмата е дизајнирана за регрутери кои имаат страст за нивната професија и го покрива секој аспект од процесот на регрутација. Имено, од усовршување на пронаоѓање на врвен кадар до усовршување на преговарачките вештини, учесниците ќе учат од експерти во индустријата и ќе научат практични вештини кои ќе може да бидат веднаш аплицирани во нивната работа.

Една од главните карактеристики на оваа програма е фокусирање на ефикасност и брзина. Учесниците ќе научат да пополнат било која позиција за 48 часа, способност која е непроценлива во денешното турбулентно бизнис опкружување. Со оваа техника, регрутерите значително ќе го намалат времето на вработување на еден кандидат и ќе гарантираат дека нивните организации ќе останат конкурентни на пазарот на труд.

Друга важна карактеристика на Beyond Recruiting програмата за обука е потенцирањето на регрутација без стрес. Учесниците ќе научат како да го менаџираат процесот без напори, намалувајќи го товарот кој го носи стресот и ќе им овозможи да испорачаат одлични резултати. Овој пристап не само што го подобрува задоволството од работењето туку води и кон подобри резултати како за регрутерите така и за нивните компании за кои работат.

Како бонус, регрутерите ќе добијат доживотен пристап до заедничка група каде што ќе се споделува стекнатото практично знаење од секојдневието. Оваа група ќе служи како сигурна зона каде учесниците може да дискутираат за предизвиците, да побараат помош и да споделат најдобри искуства со нивните колеги. Дополнителната поддршка ќе гарантира дека учесниците ќе продолжат да ги развиваат своите способности долго после завршувањето на обуката.

Тренингот започнува сега, на 19.3.2024 година во траење од 6 недели по 4 часа неделно, и ќе биде организиран еднократно, на краткорочен план. Сите заинтересирани регрутери можат да прочитаат повеќе информации на следниов линк https://drive.google.com/file/d/1l1wOWHbtQTEr3O6ZQun0jErSpeQXkY7M/view  и се добредојдени да се пријават.

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...