понеделник, јануари 5, 2026
Почетна НовостиКарате клубот Макпетрол со 10 признанија на изборот за најдобри според КФМ за 2024 година

Карате клубот Макпетрол со 10 признанија на изборот за најдобри според КФМ за 2024 година

by 24HR

Карате федерацијата на Македонија (КФМ) ги избра најдобрите за 2024 година, а 10 од доделените признанија припаднаа на „Макпетрол“. На свечена промоција беа избрани најдобрите спортисти, тренери и клубови за изминатата 2024 година. Каратистите на скопскиот клуб и на овој избор повторно се најмногубројни и најдобри во највозрасните категори на спортисти.

Во највозрасните категории на сениори прворангиран е Петар Заборски, додека на втора позиција е Петар Спасеновски. Кај помладите сениори (У21), имаше апсолутна доминација на „Макпетрол“. Најдобар е Стефан Стојановиќ, втор е Витомир Трајковски и трет е Данило Божовиќ.

Во женска конкуранција уште едно прво место во помлади сениорки (У21), каде што прворангирана е Јована Мицовска. Спортистката Викторија Јовановска е трета кај сениорките, а кај кадетите во дисциплината кати Никита Лековски го зазема второто место.

За најдобар тренер во младинска конкуренција, веќе трета година последователно, избран е тренерот на „Макпетрол“, Петар Заборски, и признанието за најдобар клуб во младинска конкуренција му припадна, исто така, на клубот од Скопје.

Related Posts

Leave a Comment