понеделник, јануари 19, 2026
Почетна НовостиКаратистите на „Макпетрол” освоија четири медали на Гран При Риека

Каратистите на „Макпетрол” освоија четири медали на Гран При Риека

by 24HR

Со по еден златен и сребрен, како и два бронзени медали, се закитија каратистите на „Макпетрол” на интернационалниот турнир „Гранд при Кроација”. На турнирот во хрватскиот град Риека настапија 1.270 каратисти со 1.571 натпреварувачки влезови од 26 држави, односно 233 клубови.

Данило Божовиќ (-84 кг.) освои злато одличје во сениорска конкуренција. Јована Мицовска (У21, -61 кг) се избори за сребро, додека Стефан Стојановиќ (+84 кг.) се закити со бронза. Исто признание доби и Мицовска, но во сениорска конкуренција во категоријата до 61 килограм. Викторија Јовановска се пласира на петтата позиција.

Во сениорското финале, исто како и на последното Балканското првенство, се сретнаа Божовиќ и Реџеп Рушити. Победата со резултат 2-0 повторно му припадна на каратистот на скопски „Макептрол”. Кај постарите јуниорки (У21) Јована Мицовска во борбата за златниот медал загуби од Амира Абулибде од Бугарија. 

– Годината ја започнавме со втора активност од самиот старт. Минатата недела истиот состав учествуваше на Светска лига во Грузија, Тбилиси, за веднаш следниов викенд да настапиме на најсилниот европски турнир „Кроација Гранд При” во Риека. За нас како клуб најважно беше да ја провериме и да ја темпираме формата на нашите репрезентативци. Тие на почетокот на февруари ќе заминат на Европско првенство во Лимасол, Кипар. Задоволни сме од прикажаните борби, сега останува да поправиме уште некој елементи и подготвени да заминеме на европското првенство – изјави тренерот на „Макпетрол”, Петар Заборски. 

Related Posts

Leave a Comment