Компаниите Kit-Go маркети и Viva Fresh Store започнаа нова бенефициска програма која им овозможува на сите нивни вработени да пазаруваат со ексклузивни попусти од 10% до 50% во повеќе од 50 продажни места низ Македонија.
Оваа бенефициска програма започнува од 01.12.2025 год., и е дел од долгорочната стратегија на компанијата за создавање на најголемата партнерска мрежа во Македонија, која ги поврзува вработените со бројни партнерски компании и услуги.
Со програмата, вработените ќе можат да уживаат во придобивки во следните продажни центри: аптеки, салони за убавина, хотели и спа центри, бутици, кафетерии и ресторани, сендвичари, салони за мебел, фитнес центри, салони за спортска опрема, оптика, авто салони, приватни училишта и градинки, училишта за странски јазици, туристички агенции, салони за мобилни телефони и салони за миленици.
“Со оваа програма на нашите вработени сакаме да им овозможиме реални и видливи придобивки кои дирекно ја подобруваат нивната благосостојба. Тие се нашиот најбитен капитал и преку оваа иницијатива покажуваме дека нивната посветеност знаеме да ја цениме и вреднуваме. Бенифициската програма е дизајнирана согласно потребите на нашите колеги, овозможувајќи лесен пристап кон услугите на нашите партнери, зајакнувајќи го чуството на заедништво и тимскиот дух. На овој начин не само што обезбедуваме бенфиции за нашите вработени него градиме силна постојана партнерска мрежа која создава долгорочна вредност за сите учесници“ изјави Стојанче Тодороски – директор на човечки ресурси и администрација во Кит го и Viva Fresh store.
Бенефит програмата ја потврдува посветеноста на компанијата кон вработените и ја истакнува визијата дека зад секој успешен бренд стои мотивиран и задоволен тим.
Со оваа иницијатива, вработените имаат можност да го зголемат својот квалитет на живот, да добијат дополнителни поволности во својата секојдневна работа и слободно време и да учествуваат во создавање на заедничка вредност која ги поврзува сите партнери и колеги.
Оваа програма ја позиционира компанијата како лидер во грижа за вработените и ја потенцира визијата за одржлив и динамичен развој на парнерската мрежа.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.
