Корпоративна општествена одговорност

од 24HR

Колумна на Маринела Бошкоски-менаџер за човечки ресурси во Telelink Infra Services Macedonia

Во денешниот свет, Корпоративната општествена одговорност (CSR) стана составен дел во водењето на секој бизнис. Кандидатите се повеќе ги гледаат CSR активностите како еден од главните одлучувачки фактори за приклучувањето кон одредена компанија.

CSR активностите се однесуваат на тоа да се земе во предвид користа што компанијата и нејзиното делување може да ја има врз непосредното опкружување и општеството. Во почетната фаза дури и најмалата одлука може да има влијание. Поради тоа, корпоративната општествена одговорност треба да биде ставена на видикот на секој вработен.

Според ова, од клучно значење е да се создаде култура водена од корпоративната општествена одговорност и притоа Одделот за човечки ресурси (HR) ја игра централната улога.  HR управува со утврдување на план за ваков тип активности, како  и нивна организација  и  проактивно  следење. Секако, битен момент е документирање  и славење на малите но, сепак големи придонеси  низ целата компанија.

Улогата на менаџерот за човечки ресурси е да открие  кои се интересите на вработените и што може да направи компанијата за да ги поддржи. Така, се поттикнува поголема индивидуална одговорност и ги прави вработените дел од одлуката.

Ако се прашуваме како да започнеме, би можеле да креираме план со следниве фази:

1. Дефинирање, поттикнување и спроведување на CSR Практики на месечно/годишно ниво

2. Прославување на успесите

3. Споделување и пренесување на вредноста на корпоративната општествена одговорност на вработените и заедницата, со цел да се зголеми свесноста

4. Негување на културата за општествена одговорност.

Кога Корпоративната општествена одговорност станува дел од културата на една компанија, компанијата станува препознатлива и автентична, особено ако CSR активностите се преземаат редовно и притоа се вклучени вработените од сите нивоа.

Дали навистина треба да бидеме дел од една голема компанија за да бидеме препознатливи по редовните CSR активности?

Понекогаш навистина едноставни акции се доволни за намалување на потрошувачката на хартија, чистење на блиската околина, помош на семејство од соседството, бојадисување на оградата на детската градинката …

За авторот:

Маринела Бошкоски-Менаџер за човечки ресурси во Telelink Infra Services Macedonia.Дипломиран економист,својата кариера ја започнува во банкарскиот сектор.Веќе 8 години активен HR ентузијаст,сертифициран тренер и ментор во компанијата .HR кариерата ја започнува во автомобилската индустрија со главен фокус на trening ,регрутација и onboarding.

Главна пасија -личен и професионален развој на вработените.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...