Lunch & Learn – нова HR иницијатива на Infinity Energy ITSS

од 24HR

Сашка Ивановска, HR Business Partner во Infinity Energy ITSS зборува за вредноста на културата на учење и споделување знаење во организацијата преку практиките за човечки ресурси.

Учење базирано на уметност, еден вид уметничка терапија во корпоративно сценарио е првиот од низата настани коишто ги организиравме во рамки на иницијативата „Lunch & Learn“.

Оваа HR иницијатива подразбира заедничко користење на времето во деловното опкружување со цел да се отворат можности за поцврсто поврзување и меѓусебно разбирање во тимот, размена на знаење, идеи и интереси, како и учење на нови или развивање на постоечки вештини, во релаксирана атмосфера за време на заеднички ручек.

Овој пат, поттикнати од Светскиот ден на уметноста, одлучивме времето да го посветиме на презентирање и учење на лесни техники од оваа област коишто ќе ги поттикнат вработените да ја истражат релаксирачката моќ на овој вид на креативно изразување.

„Infinity Inspirers

Зголемената сложеност и конкуренција во бизнис секторот резултира со високо ниво на стрес со што се јавува потреба да делуваме брзо и да усвоиме мерки за мотивирање на тимот да ги прифати промените и предизвиците на позитивен начин. Дизајнирањето на стратегии за вработените за постигнување совршен баланс помеѓу работата и домот, како и намалување на стресот е голем предизвик за сите нас денес. Затоа одлучивме оваа практика на заедничко учење да ја интегрираме во целокупната корпоративна култура, со слобода на модифицирање на темата и начинот на спроведување на секоја следна сесија. Веруваме во потенцијалот на секој член на тимот, веруваме во сечија автентичност што е главна причина за поставување на одредени правила на игра во рамки на оваа програма. Секој има нешто што може да го пренесе на уникатен начин на останатите, секој може да биде #InfinityInspirer.

Тоа што е особено важно, и што би сакала да го истакнам е дека придобивките се огромни и се однесуваат не само на подобро градење на тим и создавање на здрава работна средина туку и на поттикнување  на креативност и иновативност во организацијата.

„Art Therapy for Relaxation and Joy

Свесни сме дека не можеме да ги најдеме сите одговори на модерните предизвици во светот на рационалното, логичното и научното. Следствено, уметноста се појавува како модел за разбирање на бизнисот и одлуките, како малку поразличен стил на комуницирање.

Кога сѐ се одвива лесно, тоа е знак дека се случува вистинското нешто. Токму така изгледаше целата наша подготовка којашто навистина се одвиваше без ниту една пречка, имавме силна инспирација за тимско поврзување и зацврстување на врските, природно се издвои првиот инспиратор, а што е уште поважно – на крајот сите уживаа во моментот.

Вработените беа навремено информирани преку креативна електронска покана, а на самиот почеток на настанот беа запознаени со целата практика и идеја за реализација.

Сесијата на „уметничка терапија“ започна преку креативно видео кое покажа колку наједноставно може да се наслика некоја уметност и тоа не само од човечко битие. Преку кратки видеа беа запознаени со лесни техники на цртање и начини на користење на секојдневни работи во изработка на делото.

На целосно подготвен простор за цртање, со многу различни алатки, четки, платно, бои и едноставни предмети од секојдневието во релаксирачка атмосфера украсена со тивка инструментална музика секој од нас придонесе за една убава тимска едукативна игра.

Оваа активност која ја спроведовме илустрираше колку различни перцепции имаме, а финалните дела екстернализираа наши чувства и ги направија видливи нашите скриени способности.

Горди сме што ја имаме во нашиот тим Билјана Кокиновска која преку своето дело нѐ прикажа сите во едно многу убаво светло, и придонесе за уште попозитивна енергија во тимот. Признанието е од компанијата токму до неа како првиот Инфинити Инспиратор.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...