LinkedIn: 10 најбарани работни места во моментов

од 24HR

LinkedIn објави листа на 10 најбарани работни места во светот според бројот на објавени огласи на својата платформа.

Пандемијата на Ковид-19 имаше големо влијание врз глобалниот пазар на работна сила. Според податоците собрани од LinkedIn, економската криза ги присили бизнисите да ги намалат работните места и да го забават вработувањето во одредени области.

Во извештајот на Меѓународната организација на трудот при Обединетите нации се проценува дека бројот на избугени работни часови во вториот квартал на 2020 година ќе биде еднаков на 400 милиони работни места со полно работно време.

Тоа значи дека насочувањето кон работни позиции кои се барани од работодавците и соодветната преквалификација се меѓу некои од потенцијалните решенија за да се добие предност во оваа конкурентска клима за работни места.

За Велика Британија, на пример, LinkedIn вели дека пазарот на работни места во моментов е три пати поконкурентен во споредба со истиот период минатата година.

Во извештајот објавен минатата среда, најпознатата социјална мрежа за професионалци ги идентификуваше најбараните работни места во овој момент, според бројот на објавени огласи на својата платформа.

LinkedIn соопшти дека освен тоа што станува збор за работни места со најголем број на отворени позиции, тие исто така бележат постојан раст во текот на изминатите четири години, без значителни падови во тој период. Дополнително, платата за овие позиции соодветствува или е над износот на просечните трошоци за живот.

Ова се топ 10 најбарани работни места според LinkedIn:

  1. Software Developer
  2. Претставник за продажба
  3. Проект Менаџер
  4. ИТ Администратор
  5. Специјалист за кориснички услуги
  6. Дигитал Маркетер
  7. ИТ поддршка / Helpdesk
  8. Data Analyst
  9. Финансиски аналитичар
  10. Графички дизајнер

„Убавината на овие работни места е тоа што за дел од нив не е потребно формално образование, односно можете да ги развиете потребните вештини самостојно“, изјави Џош Граф, директор на канцеларијата на LinkedIn во Велика Британија.

 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...