Макпетрол-Цената на природниот гас за март ќе биде за 11 проценти пониска

од 24HR

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец март ќе се намали за 11 проценти за мегават час, во однос на цената за месец февруари оваа година.

Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 7,5 денари за килограм (5,31 денари за литар) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 82,5 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 75 денари за килограм или 53,1 денари за литар.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...