Во соопштение доставено до Македонската берза од компанијата инфоримираат декa имајќи ја предвид посветеноста и залагањето на вработените во извршувањето на работните обврски, а по повод летните одмори, „Макпетрол“ АД Скопје на своите вработени им исплати регрес за годишен одмор во нето износ од 48.000 денари по вработен.
„Грижата за вработените е значајна за долгорочниот успех на Друштвото и претставува дел од корпоративната политика на „Макпетрол“ АД Скопје“, велат од компанијата.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.