Менаџер за продажба на софтвер

од 24HR

КМТ Solutions, во партнерство со Thinker Pos, кој ja ре-креира играта на угостителската гранка преку иновативното софтверско решение Ecash Software, бара Менаџер за продажба на локален и регионален маркет!

Продуктот кој е веќе докажан во земји како Холандија и Германија, Thinker POS го донесе кај нас. Едноставен, брз, сигурен, модерен и лојален, и веќе препознат и имплементиран во над 50 еминентни локални угостителски објекти за рекорден рок од две години!

Дали си и ти подготвен да имплементираш технолошки решенија и да го следиш импактот преку успешноста на твоите клиенти, не само на локално туку и на регионално ниво? Дали си воден од постигнување резултати и градење на долготрајни релации со клиентите? Дали си подготвен да бидеш во иницијалниот менаџмент тим на нешто што е проектирано да расте експоненцијално на Европско ниво и да смени цела една индустрија како угостителската? 

Те бараме токму тебе!

Опис на одговорностите:

  • Креирање и имплементација на стратегија за идентификување на можности за пласман на ECash софтверот во угостителските објекти, локално и регионално
  • Претставување на продуктите и компанијата на потенцијални клиенти преку директна комуникација – состаноци со лично присуство, градење на мрежа на потенцијални клиенти, барање на препораки, и подготвување на иновативни продажни решенија кои би довеле до нови клиенти
  • Управување со sales pipeline на компанијата, поставување на цели и следење на нивното спроведување
  • Преговарање и склучување договори за соработка со нови партнери и клиенти, со поддршка од менаџментот за припрема на пoкомплексни понуди/решенија
  • Меѓуфункционална соработка со интерните тимови за Продукт, Развој и Одржување, за успешна имплементација на продуктот
  • Анализа и припрема на извештаи на успешноста на каналите на продажба, со цел донесување на одлуки базирани на податоци
  • Подготовка и посетување на соодветни настани за привлекување на нови клиенти
  • Одржување на релацијата со клиентите и користење на реномето кај постоечките клиенти како почетна точка за привлекување нови клиенти (препораки)
  • Градење на личен препознатлив бренд во соработка со тимот за Маркетинг и Брендинг. 

За да бидеш успешен на оваа позиција, потребни ти се:

  • Минимум 3 години работно искуство во продажба или маркетинг на софтверски решенија 
  • Техничка подготвеност за користење workplace апликации од типот на Google Workspace и Project management системи
  • Напредни аналитички и истражувачки способности. Способност за репортирање и користење на информациите од репортите за градење на стратегии базирани на податоци. Ефикасност во работењето.
  • Одлично познавање на Македонски и Англиски јазик
  • Возачка дозвола со Б Категорија
  • Проактивност и самоиницијативност
  • Одлични комуникациски и презентациски способности, концизно изразување при писмена и вербална комуникација
  • Силна ориентираност кон резултати и имплементација на стратегија
  • Организираност, доследност, отвореност кон прилагодувања и промени
  • Самоиницијативност и аспирација за големи достигнувања!

 
Што можеш да очекуваш од Thinker POS?

  • Плата согласно нивото на сениоритет и претходно искуство, плус бонус на остварена продажба
  • Континуиран раст, менториран директно од Генералниот Менаџер на компанијата
  • Одлична можност да се вклучиш во иницијалниот Менаџерски тим на Thinker Pos и да растеш во рамки на регионалниот и меѓународниот тим на дистрибутери на ECash Software
  • Можност за развој на сопствен тим од повеќе локации во регионот
  • Пријатна работна средина, со амбициозен тим кој е подготвен да оди заедно кон предизвиците!

Дали се пронајде во деталите погоре? Испрати ни CV на info@kmtsolutions.nl со назнака за позицијата. Нашиот тим ќе те побара за да ги дискутираме деталите

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...