Мојот прв месец во А1…Ана Ангеловска-Помлад специјалист за поддршка на вработени

од 24HR

Ана Ангеловска- Помлад специјалист за поддршка на вработени,ни ги раскажува искуствата од првиот месец во А1 Македонија!

  • Твојот прв ден во А1…

За мене претставува огромно задоволство да бидам дел од тимот на А1 Македонија, корпорација која работи под мотото “За подобар свет” која притоа е иновативна, дигитализирана и овозможува постојан развој на своите вработени.

Во пријатна работна околина сретнав тим на отворени колеги со ведар дух и имав чувство на добредојденост за што искрено благодарам.

  • Што ти остави најголем впечаток во првите неколку дена?

Она што ми остави најголем впечаток секако е непосредноста на колегите од мојот оддел, пристапноста до апликациите, можноста да се запознавам со компанијата, нејзината структура како и можноста за учење и надоградување.

  • Веќе еден месец си дел од А1. Колку брзо се вклопи со тимот, работните задачи, начинот на работа и корпорациската култура? 

Корпоративната култура на постојаност и отвореност се чуствува во комуникацијата со колегите што олеснува во извршувањето на работните задачи. Придонесот за постигнување на повисоки цели се моја мотивација која од ден на ден се повеќе се зголемува.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...