НАД 190 ПРАВНИЦИ И СУДСКИ ЕКСПЕРТИ ВО ОХРИД ДЕБАТА НА ТЕМА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

од 24HR

Во ко-организација на Здружението на правници и АЦТ! ДОО денес во Охрид започна тематската Правна конференција насочена кон размена на искуствата во насока на повеќе теми од областа на правото.

Над 210 гости од земјава и од странство во текот на тридневната конференција ќе добијат нови информации за најновите судски пракси на Европскиот суд на правдата во областа на заштита на личните податоци. Предавач на темата ќе биде истакнатиот правник Клер-Агнес Марниер, Европски супервизор за заштита на податоците од Брисел, Белгија.

Помеѓу останатите теми на кои ќе се оддржуваат работилници ги издвојуваме панелот наменет за Правата на одбраната и оштетениот во истражна постапка, каде што ќе зборуваат јавниот обвинител Фатиме Фетаи, Катерина Коларевиќ, судијата Ненад Савески, адвокатот Дељо Кадиев, како и универзитетскиот професор Гордан Калаџиев.

Исто така за потенцирање е и презентацијата за примери од добра пракса од европското потрошувачко право, како и студии на случаи и нови трендови во заштита на поптрошувачите и зелената транзиција, која ќе ја направи Кристоф Берне, експерт за потрошувачко право на Европската унија од Париз, Франција.

Тема со која ќе се затвори правната конференција ќе биде дебатата посветена на новините во Законот за спречување перење пари и финансирање.

Целосната агенда за настанот може да ја најдете тука.

Погледнете дел од денешната атмосфера:

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...