Колумна на Нена Димовска Reimaging Employee Experience with HR Technology-Semos Cloud
Помина времето на статични HR политики и еднообразно искуство на вработените (employee experience). Начинот на кој работиме постојано се менува и бара агилност од сите компаниите, без разлика на нивната големина или индустрија.
Помина времето кога еден деловен процес можеше да биде апликативен (и практичен) подолг временски период. Денешното динамично окружување бара извонредно управување со промени и агилност.Од оваа перспектива, HR технологијата е на пиедестал.
Преку нејзина таргетирана употреба, секој лидер може да создаде привлечна, персонализирана и специфична компаниска култура, која се гради врз податоци.
Разговорот на Кит Киркпатрик, Директор на Иновации во Футурим Груп и Сашо Ивановски, CTO на Semos Cloud во People Pulse подкастот потврдува клучни трендови кои ја обликуваат иднината на HR технологијата и нејзиното влијание врз искуството на вработените (employee experience).
Ре-дефинирање на работата со фокус на вработените
Филозофијата на Semos Cloud е одново да го дизајнира искуството на вработените, поврзувајќи ги културата, луѓето и нивните вештини. Вработените треба да имаат на располагање пакет од алатки и AI агенти, кои ќе им помагаат при процесите на наградување, признавање, креирање иновативни канали за комуникација, механизми за давање на повратни информации, евалуација на вештини, аналитики, извештаи… и многу повеќе. Холистички пристап обезбедува позитивно искуство на вработените, кое оди многу подалеку од сегашните HR практики.
Машинеријата за иновација ја сочинуваат AI агенти
Не можеме да ја занемариме растечката улога на AI во HR технологијата. Во Semos Cloud, ја користиме вештачката интелигенција на повеќе иновативни начини, со цел да ги разрешиме најпредизвикувачките процеси во компаниите. На пример, се градат копилоти за наградување, креирање извештаи, давање повратни информации, проактивно детектирање и елиминирање на предрасуди во комуникацијата, идентификување вештини, креирање кариерни патишта и други.
На пример да ги земеме работниците во фабрики или инженерите кои не се највешти при формална комуникација или давање повратна информација за перформансите на своите колеги. Преку користење на копилоти и AI агенти, им даваме алатки кои ја будат својата најдобрата верзија; креираат професионални, значајни пораки за меѓусебно наградување и давање фидбек. Вакви алатки ја прават комуникацијата помеѓу вработените позначајна, помоќна, релевантна и персонализирана.
Управување и одлучување со податоци дава моќ
HR технологија дава многу поголема вредност за компаниите, од позитивното искуство кое го имаат вработените. Таа дава знаења кои им се од помош на менаџери од било кое ниво во организацијата да носат објективни одлуки, кои вклучуваат потребни информации и податоци. HR продуктите кои ги градиме во Semos Cloud ги опремуваат лидерите со значајни извештаи и индикатори, во моментот кога им се потребни, што често е пречка, особено во големите организации. Административниот центар на вакви напредни HR платформи е сеопфатен, за секој прилично лесно да се движи низ него и да извлече релевантни заклучоци. Зборуваме за индикатори кои го следат нивото на ангажираност на вработените, нивно однесување, разбирање на релациите низ тимовите или, како што вели Сашо во подкастот, „се дава јасна слика за вработените; колку и кои од нив се ангажирани, што прават или што не прават“. Имајќи вакви податоци на дофат, лидерите можат да ги идентификуваат областите за подобрување и да имплементираат насочени стратегии за зголемување на ангажманот и перформансите на своите вработени.
Повеќе од апетит за HR технологија
Вредноста од имплементирање на HR алатки во секојдневното работење е повеќе од очигледна. Веќе не станува збор за одлучување дали вакви алатки се потребни, туку пронаоѓање на правите (AI) алатки кои би имале најголем импакт; нивна успешна интеграција и меѓусебна соработка. Ако се фокусираме на луѓето, прифаќање на (AI) HR алатки и употреба на податоци за објективно носење на одлуки, дава моќ на менаџерите да создадат супериорно искуство за своите тимови. HR технологијата е во прв ред во процесот на обликувањето на култура со високи перформанси и А+ таленти.
Охрабрете се да бидете меѓу првите кои вклучуваат AI агенти во секојдневната работа и уживајте во предностите кои ги носи современата HR технологија.
За слични содржини, слушајте People Pulse подкаст.
За авторот:
Нена Димовска Reimaging Employee Experience with HR Technology-Semos Cloud
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.