Нашите деца ќе работат 3 и пол дена во неделата и ќе живеат 100 години-предвидувања на директорот на JP Morgan

од 24HR

Предвидувањата на директорот на JP Morgan, најголемата американска банка, Jemie Dimon велат дека нашите деца ќе работат 3 и пол дена неделно, благодарение на вештачката интелигенција (АИ). Димон неодамна во интервјуто за Блумберг зборуваше за тоа што влијае на работните услови.

Тој рече дека АИ помага да се елиминираат некои од поздодевните работни навики и дека некои работни места веројатно ќе бидат целосно заменети со технологија, пишува Investitor.

 „Вашите деца ќе доживеат 100 години и нема да имаат карцином заради технологијата и веројатно ќе работат три и пол недела“, рече за Блумберг.

Иако некој улоги застаруваат, предвидувањата на директор на JPMorgan се дека вештачката интелигенција ќе доведе до подобрен квалитет на живот за следната генерација на работници, донесувајќи повеќе слободно време. Ова ќе влијае и на финансиската индустрија, но и на сите аспекти на бизнисот, рече тој. „Затоа, секој поединечен процес, грешки, тргување, истражување, секоја апликација, секоја база на податоци, може да се примени на АИ. Значи, тоа може да биде како копилот,и можеби ќе ги замени луѓето “, рече Димон. Но, тој вети дека JPMorgan ќе ги „прераспредели“ сите свои работници чија работа ќе ја замени АИ.

Димон не е сам во вакви предвидувања,пишува Бизнис Инсајдер. Многу економисти веруваат дека со развојот на CHATGPT идејата за четиридневна работна недела е многу поверојатна. CHATGPT може да им помогне во задачите, како што се пишување проценки, податоци, е -пошта и други работи што можат да ја заменат физичката работна сила.

 Ефекти од четиридневна работна недела

Компаниите кои тестираа четиридневна работна недела имаа позитивни резултати. Работниците се посреќни и попродуктивни и пријавиле пониско ниво на стрес и исцрпување. Компаниите дури забележале зголемување на приходите затоа што работниците биле поефикасни. Како резултат на тоа, многу политичари, економисти, работници за ментално здравје ја поздравија идејата за пократка работна недела а некои влади спроведоа тестирање на овој модел. Сепак, иако идејата за кратка работна недела звучи убаво, некои вработени се загрижени дека АИ ќе им ја превземе работата целосно. Прашањето за замена на работниците со вештачка интелигенција се случи кога здружението на писатели на Америка повикало на штрајк. Голдман Сакс предвидел дека 300 милиони работни места со полно работно време ќе бидат „под влијание на вештачката интелигенција”, главно во области како што се технологија, финансии и закон. Не сите овие работни места ќе бидат целосно елиминирани, но постои голема веројатност дека начинот на кој тие се работат ќе се промени. Всушност, АИ доведува создавање на нови работни места. JPMorgan има објавено над 3.600 нови работни места во 2023 година, според Блумберг. Димон работи на создавање алатки, слични на CHATGPT, за да им помогне на инвеститорите и клиентите на банка.

Извор: BizLife

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...