Интервју со Соња Наумоска и Елена Јоновски – Бизнис Партнери за вработени во А1 Македонија
Адаптацијата на новата работна средина е процес низ кој поминува секој нов вработен во А1 Македонија. Со цел обезбедување на исклучително кандидатско искуство, Одделот за човечки ресурси на А1 Македонија има уникатна програма со сет активности кои обезбедуваат побрз и полесен процес на прилагодување. Една од тие активности е и HR кафе со новите колеги и нивните раководители и ментори каде што се разговара за најразлични теми поврзани со нивната работа. Повеќе за оваа нова иницијатива ќе ни откријат Соња Наумоска и Елена Јоновски – Бизнис Партнери за вработени во А1 Македонија во нивното интерјву за 24HR.
HR кафе со новите колеги е уште една нова иницијатива на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија. Која е суштината и целта на оваа неформална дружба?
Културата во А1 подразбира отворена комуникација, па оттука оваа иницијатива за добредојде на новите колеги и нам ни е многу драга и со нетрпение ги очекуваме новите колеги на HR кафе секој месец. На овој настан присуствуваат сите нови колеги кои започнале работен ангажман во тековниот месец заедно со нивните непосредни раководители и ментори со што и потврдуваме дека нашата работна средина подразбира еднаквост и поддршка во процесот на прилагодување, реализација на целите, а истовремено можност за раст и развој на секој од нас – вели за 24HR Соња Наумоска.
Дали новите вработени се чувствуваат охрабрено за отворено да зборуваат и за што вообичаено се разговара на HR кафе со новите колеги?
Секој од нас присутните имаме уникатни приказни за споделување. Разговараме отворено за различни искуства, предизвици, очекувања и впечатоци, воедно и за тоа како е да се биде дел од големото А1 семејство. Навистина се впечатливи првите недели на новите колеги, а особено сме горди што токму на овој настан имаме можност да чуеме различни мислења и предлози како да бидеме уште поразлични со цел да обезбедиме најдобра поддршка за нашите нови и постоечки колеги водејќи се по компаниските вредности: Тим, Доверба и Агилност – вели за 24HR Елена Јоновски.
Која е вашата улога како Бизнис Партнери за вработени во однос на пронаоѓање рамнотежа помеѓу човечките ресурси и бизнисот?
Една од нашите клучни улоги како бизнис партнери е воспоставување рамнотежа меѓу колегите и бизнисот. Имаме цел да бидеме секогаш спремни и присутни, а воедно и да одговориме на сите барања кои ги добиваме и од двете страни. Кога се работи за компанија со голем број на вработени тоа е вистински предизвик, но градењето на цврсти и здрави релации со нашите колеги е доволно силен мотив да ја одржиме и потврдиме довербата на највисоко ниво, секогаш предводени од нашите компаниски принципи, да бидеме отворени, транспарентни и агилни.
Дали тајната на успешниот тим е во трансформирањето на менаџерот во ментор? Што е нужно за да се постигне тоа?
Успешниот тим секогаш остварува повеќе и постигнува поголеми резултати, а создавањето успешен тим е процес кој бара доста труд и вложување. Не само трансформирање на менаџерот во ментор туку и нашата трансформација во ментори на менаџерите ни помага успешно да ги владееме процесите и да помагаме во создавање на успешни тимови кои постигнуваат видливи резултати и испишуваат нови А1 приказни.
Каков е фидбекот на новите вработени во однос на темите кои се дискутираат на HR кафето?
Она што посебно го истакнуваат е дека од самиот почеток се одлично информирани, знаат каде да се обратат за било каква информација, имаат ментор и “work buddy” кои се огромна поддршка во периодот на прилагодување, одлични алатки за работа и поврзаност, уште една потврда од нив дека нашите колеги се нашиот најважен ресурс.
Кога ќе се одржи следното HR кафе?
Во подготовка сме на ноемвриското HR кафе во уште една неформална и пријатна атмосфера а однапред се радуваме и на можноста да бидеме дел од почетоците на новите А1 Приказни.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.