„Нептун“ ќе воведе многу новини на пазарот со револуционерната петгодишна стратегија

од 24HR

„Нептун“ и понатаму ќе работи посветено да остане првиот избор на потрошувачите, кога е во прашање изборот на иновативни технологии и сеопфатни решенија што го подобруваат животот.

На уникатниот корпорациски настан Reinvented, претставници на „Нептун“ пред вработените викендов ги презентираа успесите на компанијата изминатава година. Присутните, исто така, имаа прилика да слушнат и за останатите достигнувања на брендот, а беа запознаени и со револуционерната петгодишна стратегија со која што „Нептун“ ќе воведе многу новини на домашниот пазар.

– Сè што се случуваше на глобален план од почетокот на 2020 година, како и сè што и понатаму се одвива како резултат на пандемијата, а потоа и со економската и сега, со енергетската криза, можеше да нè направи понесигурни во нашите уверувања. Како и претходно, „Нептун“ на сите овие предизвици не одговори со повлекување, туку со храбро соочување со ситуацијата и превземање иницијативи со кои што ќе продолжи да еволуира и да ја задржи предводничката позиција на пазарот. Не само преку врвните финансиски резултати, туку и со воведување нови стандарди на квалитет, професионалност и на однос кон клиентите – истакна генералниот директор на компанијата, Горан Цветинов.

Мотивациски говорник на настанот беше Благоја Милевски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, којшто ги сподели своите искуства од работата со спортските ѕвезди, како тие успеаа да стигнат до прагот на квалификациите за светското првенство, што следната година ќе се одржи во Катар, како и неговите видувања за значењето на тимската работа и индивидуалното вложување во остварувањето на значајни резултати.

Дел од целите што компанијата има намера да ги реализира во 2022 година, покрај зголемувањето на пазарниот удел, се и реновирањето на неколку продажни локации со цел тие да бидат во согласност со брендот „Нептун“. Најавена е и релокација на одреден дел од продавниците, формирање на академија за продажба, како и унапредување на талент-програмите за вработените.

Дополнително, „Нептун“ и понатаму ќе работи посветено да остане првиот избор на потрошувачите, кога е во прашање изборот на иновативни технологии и сеопфатни решенија што го подобруваат животот. Компанијата има за цел да остварува раст и развој, но и континуирано да ја унапредува општествената одговорност и грижата за вработените.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...