петок, декември 26, 2025
Почетна НовостиНЛБ Банка со најголема донација на компјутери од основањето на инцијативата „ДОНИРАЈ КОМПЈУТЕР“

НЛБ Банка со најголема донација на компјутери од основањето на инцијативата „ДОНИРАЈ КОМПЈУТЕР“

by 24HR

НЛБ Банка како општественo одговорна компанија и како финансиска институција којашто води со пример во управувањето со прашања поврзани со одржливоста и ESG, грижата за животната средина и намалувањето на отпадот во Македонија, вчера се приклучи кон инцијативата „Донирај Компјутер“ преку донација на 358 половни персонални компјутери, кои понатака ќе се донираат на лица и семејства во социјален ризик. Според Борче Стаменов, основачот на инцијативата „Донирај Компјутер“, ова е најголемата донација на компјутери која ја добиле од нивното основање!

Целта на оваа активност е да се поттикне дигиталната инклузија и да се обезбеди пристап до технологија за лица и семејства кои се во социјален ризик, но и да се заштити животната средина преку намалување на електронскиот отпад.

Преку донацијата, НЛБ Банка не само што ги рециклира и им дава „втор живот“ на старите ресурси, туку активно ја гради иднината на многу семејства.

Иницијативи од овој вид за нас претставуваат мост меѓу бизнис секторот и социјалната правда – пример за заедничка одговорност и грижа.

Related Posts

Leave a Comment