Нова практична обука: Како да се справите со новините во јавните набавки поврзани со платформата TED?

од 24HR

АЦТ! ДОО Скопје продолжува да одговара на потребите на јавните набавки со организирање на нова практична обука на тема „Нова online платформа и нови обрасци (eForms in Public Procurement) за објавување на огласите за јавни набавки и известувањата за склучен договор во Службеното гласило на ЕУ (TED). Оваа обука ќе се одржи на 25 септември 2024 година во хотел Холидеј Ин, Скопје, од 10:00 до 15:00 часот.

Промените на платформата TED и воведувањето на новите правила за пополнување и објавување огласи предизвикаа бројни предизвици за договорните органи. Во рамките на обуката, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со новите обрасци, полињата и функционалностите кои сега се задолжителни, како и со подобрените процеси на објавување.

Што ќе научите?

  • Чекор-по-чекор приказ на новата платформа за јавни набавки, со практични совети за пополнување на огласите и известувањата.
  • Управување со профили, пополнување опционални и задолжителни полиња, и употреба на новите алатки на ТЕD.
  • е-Пазар за набавки од мала вредност – нова верзија и функција на електронскиот пазар.

Обуката е наменета за договорни органи со јавни набавки над вредносните прагови, како и за сите лица кои се вклучени во подготовка и спроведување на јавните тендери. Дополнително, ќе се одржи и сесија за прашања и одговори каде што учесниците ќе можат да добијат насоки за надминување на конкретни предизвици.

Не пропуштајте ја оваа можност да ги усовршите своите вештини и да останете во чекор со новините во област на јавните набавки!

Пријавувањето за учество е отворено до 23 септември 2024 година. За дополнителни информации и пријавување: obuki@act.com.mk

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...