Нова студиска програма на Бреинстер Некст колеџ: За првпат во земјава курикулум кој вклучува предмети од графички дизајн, UI/UX и информациски технологии

од 24HR

Една година после основањето, првиот практичен ИТ-факултет во земјава, Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College) ја лансира новата студиска програма „Примена на информациски технологии – Дизајн на кориснички интерфејс/искуство и графички дизајн“, којашто е единствена од овој тип во Македонија.

Покрај студиската програма „Софтверско инженерство и иновации“, на матурантите ќе им биде достапна уште една нова уникатна додипломска програма која ги опфаќа и UI/UX дизајнот и графичкиот дизајн како комплементарни области. Оваа програма која се фокусира на софтверските алатки и примената на информатичка технологија во овие области, ќе им овозможи на дипломираните студенти да  поседуваат знаење и компетенции кои се барани на пазарот на труд, не само во Македонија туку и глобално.  

„Ова е единствена и уникатна додипломска студиска програма кај нас бидејќи во својот курикулум содржи предмети од областа на графичкиoт дизајн, UI/UX дизајнот, фронтенд програмирање, 3Д моделирање и анимации кои како вештини и компетенции се барани од страна на компаниите. Ние сме и практичен ИТ-факултет, што значи дека овие предмети ќе се изучуваат практично, преку работа на реални проекти, решавање на практични предизвици и работа со мали групи на студенти. Секако дека нема да ја занемариме и теоријата, меѓутоа таа е во служба на праксата на нашиот колеџ“, вели Александар Клашниновски, генерален менаџер на Бреинстер Некст колеџот.

Преку оваа програма, студентите ќе учат софтверски програми, апликации и програмски јазици на практичен начин.

„Ова се идентични програми со оние коишто ги употребуваат најголем дел од компаниите. Со ова ќе се надмине една од најголемите забелешки што ја има индустријата во однос на дипломираните студенти кај нас, односно студии базирани на теорија, немање практично искуство и учење на застарени концепти“, објаснува Ема Кастратовиќ, академски координатор на факултетот. 


Покрај редовните професори и експертите од ИТ-индуструјата, а со цел да се даде дополнителна интернационална димензија на наставата, во истата ќе бидат вклучени и гости предавачи во рамки на одредени предмети од глобални ИТ-гиганти, како и претприемачи и професори од познати светски универзитети.
 
Наставата на првиот применет (практичен) ИТ-факултет во Македонија, Бреинстер Некст колеџ, чиј основач е едукативно-технолошката компанија Бреинстер, почна со работа лани. На студиската програма Софтверско инженерство и иновации се запишаа 46 студенти, а факултетот е препознатлив и по тоа што го нуди уникатниот модел за финансирање на студиите „Студирај сега плаќај по вработување“.

Повеќе информации за факултетот може да најдете на ЛИНКОТ.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...