АЦТ! организира стручно советување на тема „Обезбедување на функционален систем за заштита на личните податоци“, со посебен осврт на новиот Правилник за безбедност на обработката на личните податоци („Службен весник на РСМ“ бр. 266/2024).
Новиот правилник носи обврски за сите контролори и обработувачи на лични податоци, кои е потребно да ги усогласат своите процеси до 1 јули 2025 година. Ова советување е наменето за офицери за заштита на лични податоци, ИТ и правни експерти, адвокати, консултанти, како и сите кои работат со лични податоци и имаат обврска да обезбедат нивна заштита.
Клучни теми што ќе се обработат:
- Детален преглед на новите правила и насоки за усогласување
- Проценка на ризици и спроведување технички и организациски мерки
- Развој на Методологија за процена на ризик и чекори за нејзина имплементација
- Примери од праксата и анализи на случаи
Предавачи на овој едукативен настан се м-р Марјана Планојевиќ и м-р Ирена Бачановиќ Каракашев, експерти со долгогодишно искуство во област на заштита на личните податоци и спроведување на усогласеност со регулативите.
📅 Датум: 14 март 2025 (петок)
⏰ Време: 10:00 – 15:00
📍 Локација: Хотел Квинс, ТЦ Зебра, Скопје
За повеќе информации и пријавување, контактирајте на obuki@act.com.mk
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.